Не беше случајност тоа што Skoda пред една година ја одржа светската премиера на Scala токму во Израел. Чесите ја имаат најпродаваната европска марка во земјата и се четврти на пазарот. Во првите девет месеци од годинава, Skoda извезла 16.700 автомобили во Израел.
Само во септември, продажбата се зголемила за 34,5 проценти во споредба со истиот месец лани, на 1.100 возила. Skoda постигнува голем успех во делот на возните паркови. Покрај многубројни банки, трговски мрежи и телекомуникациски компании, во чешките модели веруваат и израелските министерства, како и други државни институции. Секако дека возилата се популарни и во такси службата.
Skoda уште во почетокот на 1990-те години ги извезуваше Favorit и комбито Forman во Израел. До денес, посестринската марка на Volkswagen испорачала вкупно 231.700 возила во земјата. Моментно е најпродавана Octavia, по неа се Kodiaq и Karoq.
Во септември, најпродавана марка во земјата беше Toyota, со пазарен удел од 15,3% и раст во продажбата од близу 40 проценти.
















