Моделското име Chevrolet Suburban постои 85 години

Chevrolet Suburban
Chevrolet Suburban

Американскиот производител цени дека тој е претходник на современите СУВ-модели. Chevrolet Suburban е стар колку колор филмовите и браната Хувер и, уште се произведува, моментно во својата единаесетта генерација.

Во 1935 година светот уште се опоравува од големата криза. На, Американците тоа им успева најдобро и успеваат да го снимат првиот филм во боја, додека во исто време истура последната бетономешалка во браната Хувер, најголема во тоа време. Тогаш се појавува и Chevrolet Suburban. Во својата 85-та година, тоа е најстарото моделско име во автомобилската историја.

Производителот цени дека автомобилот од 1935 година е претходник на денешните СУВ-модели, со „единствената комбинација од комфор за патниците и товарен простор“. Chevrolet Suburban се наоѓал во секаква улога, од семеен транспортер и полициско возило, до ѕвезда на поп-сцената.

Првиот Suburban имал место за осум патници, а со соборување на вториот ред седишта и отстранување на седиштата од третиот ред се добивал простор од 3.245 литри. Шестцилиндарскиот линиски мотор постигнувал моќност од 60 КС.

Во денешниот Suburban има место за седуммина и багажник со зафатнина од најмногу 3.446 литри, откако ќе се соборат двата реда седишта назад. Моторот е 6,2-литарски V8 со 420 КС, што е седумпати повеќе отколку моделот во 1935 година. Во реални услови, големиот СУВ минува просечно 23 милји со галон, односно троши 10,2 литри бензин на сто километри.

 

Претходна објаваBentley мора да бара друго име за својата облека
Следна објаваПокрај 29 милиони следбеници: Илон Маск се збогува со твитер

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here