Bentley мора да бара друго име за својата облека

bentley motors maica zenska
bentley motors maica zenska

Британскиот производител на автомобили Bentley по загубениот правен спор против Bentley Clothing повеќе не може да продава облека под своето име. Покрај тоа, понудата од сопствената „брендирана“ облека мора да се ограничи на јакни, свилени машни, капи и шалови.

Bentley Motors повеќе не смее да продава облека под своето име во Велика Британија. Лондонски суд во петокот ја прифати тужбата од семејната фирма Bentley Clothing, којашто го тужеше производителот на автомобили поради прекршување на заштитеното име. Покрај тоа, посестринската компанија на Volkswagen во иднина ќе смее да нуди само јакни, свилени машни, капи и шалови, но не и други видови облека или капи. Познатото лого со крила исто така повеќе не смее да се користи на облеката, заедно со името.

Bentley Clothing од Манчестер го заштитила името Bentley како марка во 1982 година, а правниот спор започнува во 1998 година. Судијата го критикуваше постојаното напаѓање на правата на семејната фирма. Производителот на автомобили континуирано се обидувал да ги поништи правата на фирмата за облека за користење на името.

Препознатливата графика од маиците на Bentley Clothing

Британскиот производител на луксузни автомобили понатаму мора да ги уништи или предаде сите парчиња облека коишто ги прекршуваат правата на името. Bentley поднесе жалба, наведувајќи дека „повеќе од 30 години продава облека во Обединетото Кралство и во никој момент немало доказ за мешање со заштитниот знак на другата компанија.“ Судската одлика се однесува само на Велика Британија.

Претходна објаваПоловина од новите автомобили во Австрија се возат под лизинг
Следна објаваМоделското име Chevrolet Suburban постои 85 години

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here