Половина од новите автомобили во Австрија се возат под лизинг

лизинг автомобили австрија
лизинг автомобили австрија

Австрискиот пазар по традиција е ориентиран на користење автомобили под лизинг. За шест месеци се склучени договори во вкупна вредност од 3,4 милијарди евра, додека просечната вредност на автомобилите под договор за финансирање изнесува повеќе од 27.000 евра.

Австриските компании за лизинг го завршија првото полугодие од 2019 со лизинг во вредност од рекордни 4,4 милијарди евра. Склучени биле повеќе од 137.000 нови договори, што исто така претставува зголемување од 12,2 проценти. Австријците вкупно имаат под лизинг повеќе од 25 милијарди евра и 730.777 активни договори.

Најголемиот дел од бизнисот секако дека се автомобилите. За шест месеци се склучени договори за лизинг на нови автомобили во вкупна вредност од 3,4 милијарди евра. Во споредба со истиот период лани, бизнисот пораснал за 18,4 проценти. По број на склучени договори, исто така има зголемување од 12,3 проценти. Просечната вредност на автомобилите што се земаат под лизинг изнесува 27.167 евра.

Иако вкупната продажба на нови автомобили во Австрија се намалила за 8,8 проценти во првото полугодие од 2019, уделот на возила што се финансирани под лизинг во вкупниот број на новорегистрирани автомобили изнесува 52,8 проценти. Од сите договори за лизинг, 84,2 проценти се однесуваат на патнички автомобили, 11,8 проценти на доставни возила и 1,9 процент на тешки товарни возила.

Соодносот меѓу приватни и комерцијални клиенти пораснал во корист на компаниите: 51,1 проценти од договорите за лизинг се склучуваат со компании, 46,1 проценти со приватни лица, додека 2,7 проценти со јавниот сектор.

Пример за отплата на лизинг (https://www.finanz.at/kfz/leasing/)

Продажна цена на возило:

20.000 евра

Учество

2.500 евра

Рок на отплата

60 месеци / 5 години

Последна рата по 60 месеци

2.500 евра

Месечна рата на лизинг

268,13 евра

Месечна рата на лизинг (без камата)

250,00 евра

Вкупен износ (со камати)

21.087,50 евра

Вредностите во табелата важат за Австрија, пресметка според внесените параметри.

Претходна објаваРаботничкиот совет на Volkswagen реагира за фабриката во Турција
Следна објаваBentley мора да бара друго име за својата облека

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here