Во следниот понеделник, на 4-ти ноември, започнува сериското производство на електричниот „голф“. Volkswagen ја претвори фабриката во Цвикау во најголема и најефикасна фабрика за електрични автомобили во Европа. На свечениот старт ќе присуствува и канцеларката Меркел.
Во присуство на германската канцеларка др. Ангела Меркел и шефот на концернот Volkswagen др. Херберт Дис, во следниот понеделник, на 4-ти ноември ќе излезе првиот ID.3 од лентите во фабриката во Цвикау.
ID.3 e прв модел од новата генерација којашто Volkswagen ја лансира како дел од глобалната офанзива со електрични автомобили. Германскиот концерн е прв големосериски производител што цела фабрика посветува исклучиво на електрични автомобили. Збогувањето со моделите со обичен мотор започна лани и ќе заврши во 2021 година.
Почетокот на производството на ID.3 воведува нова ера за Volkswagen – споредливо со првата буба или со првиот Golf.
Томас Улбрих, претседател за електромобилност за марката Volkswagen
Трансформацијата на фабриката во Цвикау во погон во когошто ќе се произведуваат само електрични автомобили започна во 2018 година, со модернизацијата и обновувањето на изработката на каросерии, лакирницата и инфрастуктурата. Со 1.700 роботи, транспортни системи без возач и целосно авоматизирани процеси, Цвикау ќе покаже како изгледа големосериското производство на електрични автомобили.
Во 2021 година во Цвикау ќе се произведуваат шест модели на база на системот MEB, од марките Volkswagen, Audi и Seat
Golf Variant ќе се произведува во фабриката до средината на 2020 година. Потоа и неговата производствена лента ќе се трансформира за производство на електрични возила. Од 2021 година, тука ќе се изработуваат до 330.000 електрични автомобили годишно.
Тој е Golf на новото денес: На струја, со име ID.3 и под 30.000 евра
https://www.instagram.com/p/B32DyRZHoSd/
















