ЕУ ќе ја казнува Франција поради загадениот воздух

Европскиот Суд ја обвинува Франција за систематско загадување на воздухот. Во земјата со години биле пречекорувани граничните вредности за азотен диоксид во воздухот.

Франција со години систематски ги прекршувала нормативите на ЕУ за чист воздух. Така пресуди Европскиот Суд. Со оваа пресуда, Комисијата на ЕУ има право да поднесе тужба против Франција заради прекумерни вредности на азотен диоксид.

Во пресудата се наведува дека Франција со години не преземала делотворни мерки, за граничните вредности за азотен диоксид да ги ограничи во најкус можен рок. Во тужбата се работи за дванаесет густо населени подрачја, меѓу нив и градовите Париз, Марсеј и Стразбур.

Во пресудата се вели: „Временскиот период на пречекорувањето, којшто се однесува на дванесетте густо населени региони во Франција и подрачја во коишто се мери квалитетот на воздухот, мора да биде колку е можно покус.“

Дозволените гранични вредности во погодените подрачја биле пречекорувани систематски и континуирано уште од јануари 2010 година, оценија највисоките судии во ЕУ. Судот не ги признава структурните проблеми со коишто се соочувала Франција при спроведувањето на нормативите на ЕУ.

Франција мора да ги исполни нормативите во најкус можен рок. Во спротивно, Комисијата на ЕУ може повторно да поднесе тужба и да побара висока парична казна.

Две илјади фунти за замена на стар автомобил во Лондон

Претходна објаваFord ќе претстави електро-СУВ во стил на Mustang во ноември
Следна објаваTesla Model 3 на праг на европскиот Топ 10 во септември

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here