Ford ќе претстави електро-СУВ во стил на Mustang во ноември

Ford ќе претстави електро-СУВ во стил на Mustang во ноември
Ford ќе претстави електро-СУВ во стил на Mustang во ноември

Ford ја објави првата скица со дизајнот на сосем новиот СУВ со погон на струја и со стил по пример на Mustang. Американскиот производител уште не го открива името на електричниот модел, но ја најави премиерата за салонот во Лос Анџелес. Станува збор за модел со спортски нагласок, кој ќе минува до 600 километри со полна батерија, според новата норма WLTP.

Премиерата ќе се случува во Лос Анџелес на 17-ти ноември, недела, со почеток во 19 часот локално време (кај нас понеделник 3:00 часот) и истата ќе се пренесува во живо.

Спортскиот СУВ со погон само на струја ќе се продава во Европа, САД и Канада. Се очекува испораките да стартуваат во следната есен. Подоцна ќе почне да се снабдува и кинескиот пазар.

Возилото е прв модел од Ford Team Edison, којшто е формиран посебно со цел да развива електрични автомобили. Тимот со седиште во Дирборн/Мичиген има задача да осмислува нови идеи и пристапи, и истите да ги реализира. Нов пристап се применува и при развојот на прототипи. Станува збор за „low-fidelity“ прототипи, кои се развиваат побрзо, а по потреба може да се изработат и од картон. На тој начин се постигнува поиновативeн дизајн.

Ford Transit отсега може да вози и на струја

Претходна објаваФолксваген Голф Осмиот: Дигитално место Дизел
Следна објаваЕУ ќе ја казнува Франција поради загадениот воздух

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here