Проблеми со дисплејот кај постари годишта на Tesla: Чиповите преоптоварени

tesla model x displej
tesla model x displej

Кај постарите модели на Tesla може да се појават проблеми со дисплејот. Причина е преоптовареноста на процесорите.

Меѓу многубројните посебности на електричните автомобили на Tesla спаѓа и тоа што речиси сите функции за ракување со возилото се достапни преку големиот средишен дисплеј во кокпитот. Преку дисплејот се регулира полнењето на батеријата, исто како и местењето на климата. Тоа значи и дека во случај на дефект, проблемите се големи. Во меѓувреме, неколку американски портали објавуваат дека постарите модели на Tesla имаат проблеми со дисплејот.

Причина за тоа е откажување на модулот eMMC. Кратенката доаѓа од „Embedded Multi Media Card.“ Станува збор за хард-дискови, кои се базираат врз флеш-технологија и немаат подвижни делови. Тоа од една страна ветува долг рок на користење, но е факт дека овие уреди исто така имаат ограничувања – во бројот на процеси на пишување и читање. Експертите објаснуваат дека патниот компјутер постојано создава лог-датотеки при користењето на дисплејот, кои се впишуваат на eMMC-модулот. Со тоа се забрзува „трошењето“ на хард-дисковите.

Нема гаранција за модулот

Самиот чип не може да се замени. Tesla прифажа замена на целиот патен компјутер, за што тамошните медиуми известуваат дека чини околу 1.800 долари. Покрај тоа, не постои гаранција за овој дел.

Модулите се вградуваат и во поновите модели на Tesla, но нивниот број таму е поголем, со што се смалува и оптоварувањето на одделните компоненти.

Tesla со рекордна продажба, акциите пак паѓаат

https://www.instagram.com/p/B166OkVBPJR/

Претходна објаваSeat го прекина производството поради немирите во Барселона
Следна објаваHonda Jazz не ја задржа мистеријата, слики се појавија пред премиерата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here