ИАА ќе го смени карактерот на манифестацијата и од салон на автомобили ќе прерасне во саем за мобилност. Германските медиуми јавуваат дека уште се дебатира околу концептот и локацијата.
Сосем е извесно дека ќе се смени концептот на следното издание на ИАА, кој од традиционален салон на автомобили ќе прерасне во саем за мобилност, пишува „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.“ По бројни одржани состаноци, главнината од организаторите и учесниците гласаат за продолжување на манифестацијата, меѓутоа уште се дебатира околу идниот концепт и околу местото на коешто ќе се одржува истата.
Според германскиот дневник, за целосно менување на концептот најмногу се залага Бетина Фецер, директорка на маркетинг во Mercedes. Најголеми изгледи да ја добијат манифестацијата имаат градовите Франкфурт и Берлин, но во игра се и Келн и Хамбург.
Салонот во Франкфурт во 2021 година ќе се одржува во цел град
https://www.instagram.com/p/B2m5lZBASvb/
https://www.instagram.com/p/B2lzoMmiku7/
















