Mitsubishi Motors го продолжува продажниот успех на најпребирливиот пазар во светот, европскиот. Во првите девет месеци, јапонскиот автомобилски бренд постигнал продажба на 134.000 возила, што е за 7,0% повеќе во споредба со истиот период лани.
Расте продажбата на речиси сите модели, но најмногу кај електрохибридниот модел Outlander PHEV, кој бележи пораст од дури 78%, како и новиот модел Eclipse Cross со дури 12% зголемување.
Следствено на овие резултати, Outlander PHEV останува најпродаваниот електро-хибриден модел во Европа. Само во Европа, од појавувањето во 2013 година, продадени се над 150.000 возила.
Инаку, Германија е земјата каде се продаваат најголем број возила на Mitsubishi во Европа. Меѓу останатите големи пазари се вбројуваат Велика Британија и Шпанија.
https://photos.app.goo.gl/AK7795UbFVtog1pj9
















