Кралски благослов за стартот на Opel Corsa во Сарагоса

Opel Corsa pocetok proizvodstvo saragosa
Opel Corsa pocetok proizvodstvo saragosa

Во присуство на Кралот Фелипе Шести на Шпанија, во фабриката на Opel во Сарагоса започна производството на шестата генерација на Corsa. Во почетокот на следната година се очекува да стартува и електричната Corsa-e.

Шестата генерација на Opel Corsa стартуваше со производство во фабриката на групацијата PSA во Сарагоса, Шпанија. Кралот Фелипе Шести на Шпанија даде посебен печат на свеченоста, на којашто присуствуваа уште шефот на француската групација, Карлос Таварес и првиот човек на Opel, Михаел Лошелер.

Својата шеста генерација на Corsa, Opel ја најавува како модерна, штедлива, динамична и попривлечна од претходничката. Аеродинамичноста е меѓу најдобрите во класата, тежината на возилото е смалена. Најлесната извеедба на Opel Corsa тежи под 1.000 килограми.

Corsa во своите 37 години има постигнато продукција од 14 милиони примероци и прва за германската марка влегува во ерата на електрификацијата

Во почетокот на 2020 година, во истата фабрика ќе стартува и производството на Corsa-e, со електромотор со 100 kW (136 КС) и досег до 330 километри според новата норма. Плагин-хибридната изведба на Grandland X со ознака Hybrid4 – и со погон на сите тркала, затоа што електромоторот дејствува на задната оска – ја следи Corsa-e на влезот на Opel во ерата на електрификацијата. До 2024 година, марката под знакот на молњата ќе нуди изведба со електромотор во погонската спрега во секоја своја моделска серија.

https://photos.app.goo.gl/36QREJzqye4Qr5F28

Претходна објаваРекорден број пијани е-скутерџии на Октоберфест во Минхен
Следна објаваЕлектричното London Taxi надмина 3.000 продадени примероци

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here