Toyota e-Palette ќе ги превезува спортистите и организаторите за време на Олимпијадата во Токио в година. Дваесетина роботски минибуси со посебна конструкција ќе сообраќаат редовно во Олимпиското Село.
Како што можеше да се претпостави, кога Toyota ја доби честа да го организира службениот превоз за време на Олимпијадата Токио 2020, роботски минибуси ќе бидат дел од најзначајната спортска манифестација и веројатно честа глетка во тв-преносите и репортажите. Toyota e-Palette развиена е во консултација со спортистите, според нивните барања и потреби, вклучувајќи ги и параолимпијците. Во тоа повеќе нема неизвесност, погонот е на струја.
Претставен првпат во 2018 година, e-Palette е првото возило на Toyota коешто е развиено посебно за услугата на автономно возење, таканаречена Autono-MaaS. Јапонскиот веќе подолго време работи на преоѓање во компанија којашто нема да биде само производител на автомобили, туку ќе нуди и услуги, вклучувајќи разни видови на мобилност.
https://photos.app.goo.gl/9jVp6HuAFwV7GJCw5
Приспособен за Токио 2020, овој посебен минибус се одликува со големи врати и електрични рампи, кои им олеснуваат на параолимпијците да пристапат во возилото. Целото возење е автоматизирано на 4-то ниво во класификацијата според SAE и се одвива со максимално 20 километри на час. Во возилото се наоѓа службено лице, кое што ќе ја презеде контролата над возилото во случај на потреба.
Остануваат уште многу изненадувања од Toyota кои ќе се случат за време на Олимпијадата. Сосем е извесно дека во времето на спортската манифестација ќе се одржи и премиерата на втората генерација на Toyota Mirai, лимузината со погон на водород. Искуствата стекнати со e-Palette и останатите возила за време на Олимпијадата ќе се користат за натамошно усовршување на возилата и на технологијата. Автономниот и електричен минибус ќе биде прикажан на салонот во Токио, од 23-ти октомври до 4-ти ноември.
Неколку факти за Toyota e-Palette „Tokio 2020 Version“
https://photos.app.goo.gl/KnQ6bLHizvm6ge43A
- Симетрична каросерија, со коцкеста форма што дозволува максимално искористување на просторот, вклучувајќи тркала сместени во самите краеви на каросеријата
- Контрасти на подот, на седиштата и другите компоненти им помагаат на лицата со слепило за бои
- Местата на кои запира минибусот се прецизно одредени, за патниците во количка да можат лесно и брзо да пристапат во возилото, преку рампа со електричен погон
- Камери, ласерски радари, тридимензионални карти овозможуваат самостојно возење на нивото 4 според SAE.
- Предните и задните светла имитираат „намигнување“, за пешаците и другите учесници во сообраќајот да знаат дека возилото ги забележило
Технички податоци
https://photos.app.goo.gl/YNaNQMUT8gLcE4gD6
Должина / Ширина / Висина (mm) 5.255/2.065/2.670
Патници: До 20, односно до 4 патници во количка и седум места за стоење
Досег: До 150 km
Брзина: 19 km/h
















