Франкфурт 2019: Honda E по иста цена со CR-V

Honda e премиера Франкфурт
Honda e премиера Франкфурт

Колку на идните сопственици на електричниот автомобил на Honda им значи тоа што нивниот „Е“ чини исто колку пристоен и комотен СУВ? Точно така, ништо!

Меѓу главните новитети на салонот во Франкфурт секако е електричниот автомобил на Honda. Градското мини со ретро дизајн првпат се појави на истото место пред две години, тогаш како концепт. Реакцијата на публиката беше недвосмислена. Јапонците реагираа брзо и го потврдија влегувањето на автомобилот во сериско производство.

Honda E се покажа како голем миленик на публиката за сето ова време, до премиерата на ИАА 2019. Многу детали стануваа познати месец по месец, како што Honda ги објавуваше истите, сега е познат и последиот „детал“. Цената на Honda E во Германија изнесува 29.470 евра, вклучувајќи ја субвенцијата во висина од 4.000 евра. За изведбата со посилен мотор, со 113 kW место 100 kW, цената е 32.470 евра. Покрај посилниот мотор, Advance поседува и повеќе опрема од стандардниот модел.

Жан Марк Стренг, директор на Honda за Европа, го открива и првичниот резултат од големиот интерес: „Автомобилот привлече големо внимание во регионот уште од претставувањето на прототипот и повеќе од 40.000 лица се регистрираа како заинтересирани купувачи.“

Honda E ќе се појави по улиците од следното лето, но само на најголемите пазари за електричниот погон во Европа

Honda E во почетокот ќе биде достапна на најголемите пазари за електричниот погон во Европа, односно во Велика Британија, Германија, Франција и Норвешка. Возилата ќе почнат да се испорачуваат во текот на следното лето. Понатаму е планирано „E“ да се продава и на пазарот во Јапонија, како и во САД.

Honda E доаѓа како прв сериски автомобил со погон на струја, што Honda го нуди на европскиот пазар, и истиот претставува прв чекор во правец на реализацијата на електричната визија на марката, за 100% од продажбата на возила во Европа да се состои од модели со хибриден или електричен погон до 2025 година.

https://www.instagram.com/p/B2Pt5B4nKkO/

Претходна објаваФранкфурт 2019: Mercedes порачува, луксузот мора да е одржлив
Следна објаваФранкфурт 2019: Mini Cooper SE само еднаш на полнач на пат од Минхен

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here