Sign in
  • Почетна
  • Тест на летни гуми
  • ВЕСТИ
    • Нови модели
    • Пазар
    • Прототипи
    • Салони
    • Студии
  • ТЕСТОВИ
    • Други тестови
    • Краток тест
    • Прво возење
    • Тест
    • Техника
  • СОВЕТИ
    • Гуми
    • Најдобар избор
    • Одржување
    • Прибор
    • Производи
  • ТЕМИ
  • МАГАЗИН
    • За и против
    • Интервју
    • Историја
    • Коментар
    • Теми
    • Тјунинг
  • Кон Авто Салон
Sign in
Welcome!Log into your account
Forgot your password?
Полиса на приватност
Password recovery
Recover your password
Пребарај
Automedia Најчитаниот портал за автомобилизам во МК
  • Почетна
  • Тест на летни гуми
  • ВЕСТИ
    • СитеНови моделиПазарПрототипиСалониСтудии

      Фабрика на Фолксваген расклопува стари возила и обезбедува резервни делови

      Швајцарија подготвена за нафтена криза, можно ограничување на 80 км/ч на…

      Сузуки е најиздржлива марка според британските возачи

      Забавувањето на електромобилноста ќе загрози 185.000 идни работни места, ценат ИЦЦТ

  • ТЕСТОВИ
    • СитеДруги тестовиКраток тестПрво возењеТестТехника

      Мерцедесите ќе почнат да возат без возач во германските градови

      Екстремен краш-тест каков што само Мерцедес-Бенц може да изведе

      Киа Ексид 1.6 Референс · Тест · Малку луксуз не е…

      Липмотор Ц10 · На пат од 800 километри со електричен автомобил…

  • СОВЕТИ
    • СитеГумиНајдобар изборОдржувањеПриборПроизводи

      Конкуренцијата на Киа Селтос во Топ 10 најдостапни СУВ-компакти

      Што не треба да се остава во возило при летна жега

      Споредба: Електрична Киа против бензинска Киа, ЕВ 3 против Спортаж

      Телефон оставен во возило на сонце може да предизвика пожар

  • ТЕМИ
  • МАГАЗИН
    • СитеЗа и противИнтервјуИсторијаКоментарТемиТјунинг

      Сега и Ферари ќе лета, но различно од циркусот на Тесла

      Мајбахот дизајниран од Леброн Џејмс оди на продажба, средствата за добротворни…

      Колку електрични возила може да се субвенционираат со 2,1 милиони евра

      Бред Пит вели за новата машина на АМГ дека е „претешко…

  • Кон Авто Салон
Дома Вести Нови модели Тој е Golf на новото денес: На струја, со име ID.3 и...
  • Вести
  • Нови модели

Тој е Golf на новото денес: На струја, со име ID.3 и под 30.000 евра

Сеп 10, 2019
Volkswagen ID.3 premiera

Историјата често ќе го спомнува овој 9-ти септември, не само автомобилската историја. ID.3 е електричниот автомобил од новата генерација на Volkswagen, врз платформа што во иднина ќе ја користат сите останати марки во концернот. Сé е во ред со овој автомобил, и моќноста, и досегот, па и цените. Основниот модел ќе чини помалкуи од 30.000 евра, што заедно со субввенциите што европските држави ги одобруваат за е-погонот, цената може да биде дури и пониска од стариот, но не и добар дизел.

Во Volkswagen започна новата ера. Електричниот компакт ID.3 денес доживеа премиера на интерната манифестација на концернот, воочи отворањето на големиот салон на автомобили ИАА во Франкфурт. Станува збор за првиот модел од комплетно новата генерација на возила со електричен погон. ID.3 не е отстапка, туку станува правило во Volkswagen, затоа што марката ја поставува иднината во правец на електромобилноста. Симболиката е погодена и со тоа што ID.3 е првиот автомобил со новото лого на Volkswagen.

Дизајнот силно двои од вообичаениот стил на постоечката моделска гама на Volkswagen. Овој автомобил вози чисто на струја и уличното секојдневие треба да биде свесно за тоа. Повеќе нема двоумење дали иднината му припаѓа на електричниот погон. Повеќе е прашање, дали моторите со внатрешно согорување ќе издржат и до датумот што им се предвидува, или ќе заминат уште претходно.

https://photos.app.goo.gl/GWdYgAJTwS7J5sHa9

Големи промени се случуваат и во внатрешноста. Благодарение на долгото меѓуоскино растојание на системот на заеднички компоненти MEB и кусите каросериски превиси, се добива особено голема кабина, споредено со габаритите на возилото. Со просторот и чувството за просторност, ID.3 поставува нови мерила во компакт класата.

Заедно со преоѓањето на електиричен погон се сменети и сите подрачја на ID.3, вклучувајќи го и ракувањето

Кокпитот повеќе не може да биде поинаков освен дигитален. Начинот на ракување и командите се сменети целосно, но според ергономите на Volkswagen, секој возач ќе може да се снајде едноставно. Покрај дисплејот пред возачот, средишно во кокпитот е поставен голем дисплеј со пречник од 10 инчи на допир.

https://photos.app.goo.gl/jM3VgHyHsVu4PR4M8

Иновацијата што се води како ID.Light и во основа претставува лента од светлечки диоди, помага при навигацијата, но во случај на опасност може и да го поведе возачот да притисне врз сопирачките. Воланот се мести по длабочина и висина со електромотор, а сите копчиња работат преку сензори за допир, вклучувајќи ги и оние во самиот волан. Единствено командите за отворање на прозорците и за вклучување на безбедносните трепкачи работат со обични „механички“ копчиња. На тоа се надоврзува и нов систем за говорно командување. Поврзувањето со мобилен телефон е лесна вежба.

Три батерии со различна големина – исто како три мотори со различна зафатнина и моќност

За почетокот на продажбата, ID.3 ќе биде достапен со три различни големини на батеријата. Основната изведба поседува батерија од 45 kWh, со што се постигнува досег до 330 километри, според новата и реална норма WLTP. Оваа моделска варијанта ќе чини под 30.000 евра. Средната изведба доаѓа со барерија од 58 kWh и досег до 420 километри. Топ-моделот располага со батерија од 77 kWh и досег до 550 километри. Со брзо полнење, користејќи полначи со моќност од 100 kW, енергија за околу 300 километри пат ќе може да се наполни за само половина час.

https://photos.app.goo.gl/mxNQnm14RMmfJ7c57

Батеријата е вградена во подот, што е добро и за возните својства, зашто на тој начин тежиштето на ID.3 се наоѓа мошне ниско. Покрај тоа, распределбата на тежината меѓу двете оски е во оптимален сооднос.

Преднарачките за ID.3 1st, односно за ексклузивната воведна серија на електромобилот на Volkswagen, започнаа уште во мај годинава. Резервација на „слот“ во производството чини 1.000 евра и истата е необврзувачка. Наесен, регистрираните клиенти ќе бидат поканети во салон на Volkswagen, за конфигурирање на својот автомобил и потпишување на договорот.

Погон назад, моќност од 204 КС и ниско тежиште – на што прво асоцира тоа?

Првото издание, ID.3 1st, поседува батерија од 58 kWh. Електромоторот работи на задната оска. Неговата моќност изнесува 150 kW (204 КС), а вртежниот момент е 310 Nm. Крајната брзина е ограничена на 160 km/h. Цената на ексклузивната моделска изведба е под 40.000 евра.

https://photos.app.goo.gl/7SqN3cLRsVxyVLrd7

Volkswagen го нуди ID.3 во три фиксни конфигурации. Основната изведба поседува навигација, дигитално радио, греење на седиштата и на воланот и бандажи од 18 инчи.

По неа следи ID.3 1st Plus, којашто дополнително поседува камера за рикверц, радарски темпомат и пристап без клуч. Седиштата имаат посебен дизајнерски штоф, задните стакла се затемнети, светлата се LED-матрични, бандажите имаат пречник од 19 инчи.

Топ-изведбата е ID.3 1st Max, со проекциски дисплеј со збогатена реалност, озвучување Beats, панорамски покрив и бандажи од 20 инчи. Дополнително има и систем за следење лента, безжично полнење телефон и комфорни седишта.

https://photos.app.goo.gl/SrPRP1p8tsYaN8VM6

https://photos.app.goo.gl/njbRa6XVCqg4WTAU7

https://photos.app.goo.gl/Cjh2uiW2FvQABBdH6

https://photos.app.goo.gl/z3W4FMLQF5nsUiP36

https://photos.app.goo.gl/1QZVemD7PLjKrvZq6

https://www.instagram.com/p/B2OTpAUlit4/

Избор од содржините на Аутомедиа МК

  • Киа Ексид 1.6 Референс · Тест · Малку луксуз не е вишок
  • Рено ќе вложи 10 милијарди евра за да произведува евтини електрични автомобили во Франција
  • „Рејнџ Роверот од Тему“ пак е најпродаван автомобил во Британија
  • Шкода Октавија стартува со обичен хибриден погон
  • Фолксваген го засилува производството во Северна Америка
  • Тојота ќе гради фабрика за електрични автомобили во Аргентина за да им парира на Кинезите

Facebook
X
Pinterest
WhatsApp
    Претходна објаваFerrari F8 Spider ја продолжува низата што влече уште од 308 GTS
    Следна објаваФранкфурт 2019: Skoda Citigo на струја со субвенции за 16.570 евра
    Дарко Јаконов
    • Контакт
    • Импресум
    © Newspaper WordPress Theme by TagDiv
    Verified by MonsterInsights