Канаѓанец 70 години го вози истиот Ford Model T

рендал питмен 70 години форд
рендал питмен 70 години форд

Тоа е пример за верност за цел живот. Канаѓанец цели седум децении не го сменил својот прв автомобил. Ford Model T е произведен во 1927 година и се вози секој ден.

Убаво е човек да доживее 70-годишна возраст. Но, седум децении да се вози истиот автомобил, тоа е веќе нешто посебно. Еден Канаѓанец има таква автомобилска врска. Рендал Питмен го купил својот Ford Model T во 1949 година и уште го вози.

Господин Питмен денес е на свои 87 години, што значи дека имал 17 години кога го купил својот прв и актуелен автомобил. Тој морал во возилото да ја вложи целата заштеда од работата на пумпа за точење гориво. Инвестицијата се покажа одлична, затоа што автомобилот вози и служи до денес.

Десет центи по десет центи до „нов“ автомобил

Станува збор за заштедени околу 50 долари. Денес тоа не изгледа многу, но поинаку е кога ќе се има предвид дека за еден час работа на „пумпата“, Питмен тогаш добивал по 10 центи. Младиот Канаѓанец го купил Ford Model T на наддавање и се вратил дома со автомобил. Вистина е дека автомобилот веќе имал 20 години зад себе и уште тогаш бил блиску до олдтајмер, но времето се чини неважно покрај овој Ford.

Питмен се појави со својот автомобил пред камерите на неколку тв-куќи. Канаѓанецот роден во 1937 година не држи чекор со техниката. Тој никогаш не поседувал мобилен телефон. Овој Model T сепак не е единствен автомобил во неговиот живот. Во 1960-те години, Питмен купил втор автомобил. Ford Model T. Во 2008 година, американскиот концерн одбележуваше стогодишнина на овој историски модел, кој беше најпродаван автомобил во светот до 1972 година, додека не го замени „бубата“.

 

Претходна објаваNissan Juke доаѓа со поцивилен изглед, но пак е одметник
Следна објаваХибридна тура со Toyota Corolla: Со 30 литри бензин низ цела Македонија (Дел 2)

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here