Станува уште повозбудливо во купот што излезе вистински мамец за публиката. По трикратниот триумф, се покажува дека Мартин Делев сепак може да се престигне на асфалтот. Во чевртата трка од Твинго Куп, на белградско Ушќе, највисоко на подиумот се искачи Давид Малиновски.
По доминацијата на Мартин Делев во изминатите три трки во рамките на Твинго Куп, вчера на патеката „Ушче“ во Белград, победата му припадна на Давид Малиновски. Бројната публика присуствуваше на сцена каква што долго време се нема случено ниту во највисоките нивоа на мотоспортот. Малиновски постигна време 33:18,951 минути, со предност од само 0,226 секунди пред Емил Нацка. Третото место на подиумот му припадна на Слободан Трајковски.
Трикратниот победник сезонава, Делев, во Белград финишираше на четвртото место, додека петти беше Иван Стефановски. Тројца возачи не ја завршија трката, а тоа се Томас Трајановски, Александар Кочевски и Ангелче Стојковски.
Петтата трка во Твинго Куп сезонава ќе се вози на круг во Кичево, во викендот од 20-ти до 22-ри септември.
https://www.facebook.com/RenaultSportMacedonia/photos/rpp.117733124986017/2404479716311335/
















