за

Cadillac ќе го продава XT4 во дизел изведба во Европа

Cadillac-XT4
Cadillac-XT4

Cadillac XT4 е прв СУВ од компакт класата на престижната американска марка. Моделот ја користи платформата Epsilon 2 на General Motors, којашто меѓу другото служи како основа и за Opel Insignia. Посебно за европскиот пазар, XT4 ќе биде достапен и со нов 2,0-литарски дизел, според нормата Euro 6d. Моќноста изнесува 170 КС, вртежниот момент достига 380 њутнметри.

Преносот на сила е преку деветстепен автоматик. Продажбата започнува в година, во изведба XT4 Launch Edition со преден погон и иста таква изведба, со додаток Sport и со можност за избор на погон на сите тркала и менувач со двојна спојка.

Во стандардната опрема спаѓаат камера за знаци, следење лента, предупредување при излегување наназад, автоматско греење на сите седишта и на воланот, електричен заден капак и инфо-забавен систем.

New item by Automedia MK / Google Photos

Посебно опремената изведба Launch Edition стандардно поседува и камера за 360 степени, автоматско паркирање и 3D-навигација, додека „Sport“ доаѓа со радарски темпомат со следење колона и проекциски дисплеј.

XT4 е СУВ-моделот на база на Insignia што не дочека да го види светот под знакот на Opel

Назад работи оска со пет водилки. Можност за избор на програма за возење се нуди како стандард. Cadillac XT4 Launch Edition Sport дополнително има и активно спортско подвозје, со постојано приспособување на силата на придушување. Кај овој систем, сензори го регистрираат квалитетот на подлогата во реално време и го приспособуваат степенот на придушување на амортизерите за само две милисекунди.

New item by Automedia MK / Google Photos

Цените прво се објавуваат за германскиот пазар, како најголем автомобилски пазар во Европа. Богато опремената изведба Launch Edition таму ќе стартува од 42.900 евра.

Класичарите на марката секако дека не отсуствуваат од официјалниот профил на Cadillac за Европа

https://www.instagram.com/p/B1tWOudAZ0M/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Твинго Куп Ушќе

Четврта трка во Твинго Куп, победа за Малиновски на Ушќе

Bugatti Chiron

Bugatti Chiron прв сериски модел побрз од 300 милји на час