Инспектори во BMW зашто шефовската смена не била најавена навреме

Инспектори во BMW Харалд Кригер
Инспектори во BMW Харалд Кригер

Финансиски инспектори моментно спроведуват истрага дали BMW навреме ги известил јавноста и акционерите за смената на врвот на концернот. Таквите настани можат да влијаат врз вредноста на акциите и затоа не смее да се манипулира со информациите.

Финансиска инспекција истражува дали производителот на автомобили BMW навреме ја известил јавноста за измените во врвот на менаџерскиот тим. Целата процедура се води поради соопштението што BMW го издаде на 18-ти јули. Во него, производителот најави дека директорот за производство Оливер Ципсе на 6-ти август ќе го замени дотогашниот шеф Харалд Кригер на местото на претседател на управниот одбор на BMW AG.

Претпријатијата што котираат на берзата се обврзани јавноста и своите акционери навреме да ги информираат за настаните, коишто може да влијаат врз вредноста на акциите. Замената на шефот претставува таков настан што може да го смени курсот на акциите.

Повеќе германски медиуми долго пред 18-ти јули известуваа дека Ципсе се вбројува меѓу фаворитите за наследник на Кригер. Инспекцијата не наведува дали овие медиумски известувања фактички се причина за спроведувањето на истрагата во BMW.

Претходна објаваНајсилниот Porsche Cayenne извозе рекорден круг чисто за забава
Следна објаваЕлектро-тротинетите ќе бидат дел од салонот ИАА во Франкфурт

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here