Lexus дизајнираше уште една спектакуларна боја за LC

Lexus LC noris-zelena 2020
Lexus LC noris-zelena 2020

Пред неколку денови, при објавата на тестот на Corolla TS, бојата на возилото ја поистоветивме со уметничко дело. Сега пристига и објаснувањето, зошто боите во јапонскиот концерн толку се издвојуваат. По „пеперутка-бојата“, Lexus LC добива уште една боја достојна за посебна серија LC Club Edition со норис-зелена боја.

Гран-туризмото во моделското семејство на знаменосецот LS, означено исто така скромно со комбинацијата од букви LC, но максимално нескромно во поглед на тоа што има да го понуди овој автомобил, има неколку промени за новото моделско годиште. Од ноември 2019 година, салоните на Lexus ќе добијат нови бои – дизајнерите создадоа неколку нови бои за LC.

Кога ќе се спомене LC и специјална каросериска боја, асоцијацијата непогрешливо води кон морфо-сината боја, со којашто Јапонците го привлекоа вниманието на сцената пред три години во Женева. Станува збор за лакирање што се состои од 40 слоеви, развивано 15 години и своевремено понудено во специјална моделска серија на Lexus LC.

https://photos.app.goo.gl/zvFoQYn6yMCRLeBt6

Овојпат ексклузивно за Lexus LC Club Edition е достапна норис-зелената боја, којашто споед производителот привлекува со суптилната длабочина на лакот и совршено се вклопува со кованите бандажи од 21 инли. Освен ексклузивната, а тоа значи и скапа боја, купето во стил што потсеќа на легендарниот LFА може да биде лакирани и во графит-црна или титаниум-сребрена боја. Серијата е ограничена, тоа се подразбира.

https://photos.app.goo.gl/baNzdSv7GoR3DTDJ8

Ентериерот е двобоен, со седишта со електрично местење кои се обложени со анилин – најмеката и најквалитетна кожа што Lexus ја нуди моментно. Кафената боја како на пекан е достапна само за лимитираната серија и оди во комбинација со малку потемната алкантара на вратите.

Посебни бои се дизајнирани и за ентериерот на возилата од специјалната серија на Lexus LC – заедно со најскапата кожа што Lexus ја нуди моментно

За контраст со пекан-кафената боја, воланот, арматурната табла, средишната конзола и вратите се обложени со црна кожа и како екстра детал имаат кафена опшивка. Посебноста на моделот ја нагласуваат плочките на праговите.

https://photos.app.goo.gl/iWQ7VAn4ctF6xfR68

За погонот се грижат петлитарски V8 со дестстепен автоматик или 3,5-литарски V6 во конфигурација на најнапредниот хибриден погон на куќата во Lexus LC 500h. Ексклузивното купе пред неколку години беше на гости и во нашата редакција.

https://www.instagram.com/p/Bv8vE5hFBTN/

https://www.instagram.com/p/BzBPmbtH_L2/

https://www.instagram.com/p/BxGaPNogkGt/

Претходна објаваVolkswagen со женски глас и со ново лого, премиера во септември
Следна објаваKia и нејзините 12 училишта изградени во Африка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here