Десет секунди се доволни да се провали во некои од последните и популарни модели што овозможуваат пристап без клуч. Тоа го покажа истражувањето на британскиот магазин What Car. До истите резултати доаѓаат и другите истражувања кои се вршат години наназад.
Десет секунди за кражба во DS3 Crossback и триесет секунди додека Land Rover Discovery Sport се одвезе во непознато. Толку време им беше доволно на експертите за безбедност кои го спроведоа истражувањето на британскиот магазин What Car, да провалат, а честопати и да се одвезат во актуелни и популарни модели што се опремени со систем за пристап и стартување на возилото без клуч.
Со техниката што не е проблем да се обезбеди, може за десетина секунди да се украде и Audi TT RS, но само доколку при активиран систем за пристап без клуч се исклучи сензорот за движење. Во Англија и Велс лани се пријавени повеќе од 106.000 кражби на автомобил, што е највисока вредност во последните осум години. Цел на крадците се возила што се опремени со пристап без клуч. Криминалците можат да го пресретнат сигналот од клучот и да го пренасочат кон друг уред што е оставен во близина на возилото.
На тестирањето на What Car? учествуваа седум различни модели, сите опремени со пристап без клуч. Некои од актуелните модели поседуваат заштита од кражба, при вградување на овој систем. Audi, BMW, Ford и Mercedes-Benz користат сензори за движење во самиот клуч од возилото. Доколку истиот не се држи во дланка, тој едноставно не дава сигнал. Меѓутоа, кога клучот се наоѓа в џеб или во чанта, а сопственикот на возилото пешачи, автомобилот пак станува лесна мета.
Jaguar и Land Rover користат посигурна заштита од кражба на возилата со пристап без клуч
Jaguar Land Rover користи различна техника, имено во некои од последните модели се вградува техника што работи во ултрашироко радиобраново подрачје и предава широко подрачје на сигнали од самиот клуч, што спречува крадците да го пресретнат сигналот и да го измамат системот.
Најдобра заштита е системот за пристап без клуч да се деактивира. Во возилата на тестот во тој случај не можеше да се провали. Но, оваа можност се нуди само во неколку модели.
Слични резултати покажа тестирањето што клубот АДАК го спроведе уште пред неколку години. Оттогаш има напредок, но тој се одвива премногу бавно. Според препораките на клубот, добра заштита е клучот да се чува во посебна футрола што штити од недозволен пристап.
Резултатите од тестирањето на What Car
|
Audi TT RS Roadster |
Провала |
Одвезување |
|
Advanced Key исклучен |
Не е можно |
Не е можно |
|
Advanced Key вклучен |
5 секунди |
5 секунди |
|
|
|
|
BMW X3 (2018) |
Провала |
Одвезување |
|
Digital Smart Key исклучен |
Не е можно |
Не е можно |
|
Digital Smart Key вклучен |
40 секунди |
20 секунди |
|
|
|
|
DS3 Crossback Ultra Prestige |
Провала |
Одвезување |
|
Стандарден клуч |
5 секунди |
5 секунди |
|
|
|
|
|
Ford Fiesta |
Провала |
Одвезување |
|
Пристап без клуч исклучен |
Не е можно |
Не е можно |
|
Птристап без клуч вклучен |
40 секунди |
20 секунди |
|
|
|
|
|
Land Rover Discovery |
Провала |
Одвезување |
|
Стандарден клуч |
20 секунди |
Не е можно |
|
|
|
|
|
Land Rover Discovery Sport (2018) |
Провала |
Одвезување |
|
Стандарден клуч |
10 секунди |
20 секунди |
|
|
|
|
|
Mercedes-Benz A-Class |
Провала |
Одвезување |
|
Keyless-Go исклучен |
Не е можно |
Не е можно |
|
Keyless-Go вклучен |
30 секунди |
20 секунди |
















