Renault Megane Trophy-R: За рекордерот цена од 60.000 евра

renault megane rs trophy-r
renault megane rs trophy-r

Францускиот производител ќе почне да прима нарачки за рекордерскиот Renault Mégane R.S. Trophy-R од крајот на август. Цената исто така е рекордерска: Точно 60.000 евра. Секако, може и уште поекстремно од тоа.

Renault Mégane R.S. Trophy-R ќе може да се нарачува од крајот на август по цена од 59.740 евра за францускиот пазар. Новиот рекордер меѓу сериските возила со преден погон на Нирбургринг-Нордшлајфе и на белгиската Спа Франкоршамп конечно ќе пристигне кај сопствениците во декември, во исклучително ограничена серија за производител од рангот на Renault. За целиот светски пазар се планирани само 500 примероци.

Како основа за возилото служи Mégane R.S. Trophy, којшто е олеснет за 130 килограми. Главните преправки се во хаубата, којашто е изработена од карбон и фиберглас, а дополнително поседува отвор за воздух заради подобро ладење, во спортскиот издув од титан и во тркачкото подвозје со амортизери Öhlins со бројони можности за местење. Пакетот го заокружуваат бандажи од 19 инчи со посебно изработени гуми Bridgestone и екстралесни школкасти седишта Sabelt од фиберглас, обложени со алкантара.

https://photos.app.goo.gl/K8s2XsXXN1JXjF9q7

За натамошно смалување на тежината е отстранета задната клупа и вградена е олеснета задна оска, без управување на сите тркала 4Control. На тоа следат ковани бандажи од мотоспортот. Сопирањето е задача на композитни дискови од 355 милиметри со црвени сопирачки клешти од Brembo.

https://photos.app.goo.gl/vcfpWtA5aTFMqovZ6

Уште поексклузивно е кога станува збор за Mégane R.S. Trophy-R со карбон-керамички пакет. Оваа екстремно мала серија од 30 возила се цени на 85.740 евра по возило. Тркачкиот Megane за по улица во тој случај поседува карбонски бандажи од 19 инчи, керамички сопирачки дискови од 390 милиметри напред, со позлатени сопирачки клешти, како и преправени отвори за воздух, место препознатливите дополнителнки светла со дизајн на шаховница.

https://photos.app.goo.gl/bu3YdA6EkmUWLyJv7

Моторот со 300 КС од 1,8 литар, со турбонатполнење, ист е како во R.S. Trophy. Спринтот до сто трае 5,4 секунди, крајната брзина изнесува 262 km/h. За преносот на сила е задолжен шестстепен мануелен менувач.

Претходна објаваДесет секунди за провала во автомобил со пристап без клуч
Следна објаваИндија го намали данокот за електрични автомобили на 5%

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here