Висококатницата на Aston Martin почнува да се издигнува во небото над Мајами. Половината од луксузните апартмани се продадени уште пред планираното пуштање на објектот во употреба во 2022 година.
На булеварот Бискејн со број 300 во Мајами започна да се издигнува висококатницата на Aston Martin, откако во минатиот период се работеше интензивно на поставувањето на темелите. Кога ќе заврши изградбата во 2022 година, луксузната станбена кула во строгиот центар на Мајами ќе биде највисокиот станбен објект јужно од Њујорк.
Поставувањето на темелите на 250-метарската висококатница започна пред крајот на 2017 година. Во основата на кулата што ќе има 66 катови се излиени 10.703 метри кубни бетон. Првиот кат се планира да биде готов до крајот на август, осмиот кат е предвидено да се заврши до Божик.
Со површини меѓу 65 и 1.765 метри квадратни, луксузните станови и апартмани се движат од 750.000 долари до повеќе од 50 милиони долари. Половината веќе се продадени.
https://www.instagram.com/p/B0ytmW_AU8S/
За секој случај, податоците за контакт со продажниот центар се следниве:
Aston Martin Residences,
300 Biscayne Boulevard Way Miami, Florida
понеделник-петок од 10h до 18h,
сабота-недела 11h-17h
(305) 573-7333
miamisales@astonmartinresidences.com
https://www.instagram.com/p/B0dtREQoirh/
https://www.instagram.com/p/B0ocOafAkpn/
















