Audi ќе започне со продажба на електричен тротинет, но дури кон крајот на следната година. Најпопуларното возило на планетата во моментов, во изведбата на Audi ќе се води под името e-Tron Scooter. Нормално е дека тој ќе биде многу поразличен од останатите е-тротинети.
Електричниот тротинет од Инголштат во основата е изведен како скејтборд и поседува четири, место вообичаените две тркала. Тоа дозволува возачот да користи една рака за да најави дека скршнува и воопшто да има подобра прегледност над сообраќајот. Управувањето е главно преку префрлување на тежината. Возилото тешко 12 килограми може да се преклопи и да се понесе со себе во автобус, метро, да се остави во автомобилот или да се влече.
Во управувачкиот лост на Audi e-Tron Scooter се наоѓаат батеријата и електрониката, како и дисплеј. Забрзувањето и забавувањето се преку вртлива дршка, а за запирање служи хидраулична сопирачка. Електро-тротинетот на Audi вози 20 km/h и постигнува досег до 20 километри. Цената ќе изнесува 2.000 евра.
Планот е-Scooter да им се понуди како прибор на купувачите на Audi e-Tron. Тротинетот ќе се полни преку приклучокот во багажникот за време на возењето. Тој ќе служи за кусиот преостанат пат од возилото до работното место или било кое одредиште.
Audi e-Tron Scooter поседува предно, дневно, задно и стоп-светло. Преку блутут се прават дотерувања, а врската воедно се користи и како зашптита од кражба. Дизајнерите подготвуваат дрвени или карбонски „газишта“ и неколку различни стилови за електро-тротинетот.
https://photos.app.goo.gl/gQF1TmjhB6MqoPH58
















