Toyota Yaris WRC ќе вози за трета „домашна“ победа на Рели Финска

toyota yaris wrc finska 18
toyota yaris wrc finska 18

Рели-тимот Toyota Gazoo Racing цели на трета победа по ред на домашен терен во следниот викенд, на Рели Финска (1-ви до 4-ти август). Станува збор за едно од најбрзите релија во календарот на ФИА, а тоа одговара за Toyota Yaris WRC. Автомобилот е создаден близу сервисниот парк во Јиваскила и победи на релито во 2017 и 2018 година.

Финското рели е спектакл што е вреден за гледање, дури и кога овој спорт не се следи редовно. За тоа секако дека се најзаслужни долгите скокови во воздух и неверојатните брзини што се постигнуваат по земјениот пат што е на само неколку метри од густата шума.

Поради високите брзини, разликите во времињата меѓу натпреварувачите се мошне мали, и тоа му дава дополнителна привлечност на рели-настанот во Скандинавија. Рутата е иста со ланската, којашто во 65% минуваше по нов терен.

Трките почнуваат во четврток навечер во Јиваскила, каде што традиционално се вози на најширок можен дијапазон на подлоги. Во петок се возат десетте брзинци кон запад, за во сабота да следат осумте етапи во должина од 132,98 километри кон југозапад. Релито завршува со две тури низ Лаука и Рухумаки во недела.

Во последните две години победивме на релито. Сега имаме шанса, тоа да го зголемиме на три“

Томи Макинен, шеф на тимот на Toyota Gazoo Racing

Тимот верува во своите возачи, на коишто победите не им се непознати. От Танак лани извозе во Финска со половина минута предност и го потврди успехот на Есапека Лапи од претходната година. Крис Меке имаше триумф во 2016 година (со Citroen), додека Јари-Мари Латвала победи дури трипати, во 2010, 2014 и 2015 година (со Ford и VW).

От Танак патува во Финска како водечки во првенството, Крис Меке е шести, Латвала е на десеттото место. Toyota Gazoo Racing сезонава победи во Шведска, Чиле и Португалија.

https://www.instagram.com/p/Bz8O8YjloFg/

https://www.instagram.com/p/BzKx0DqFsWp/

Претходна објаваLancia во Италија со поголема продажба од Alfa Romeo во цела Европа
Следна објаваVolkswagen со 2,3 млрд. € заработка за половина година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here