Продажбата на електромобили расте на сите клучни пазари

Продажбата на електромобили расте на сите клучни пазари
Продажбата на електромобили расте на сите клучни пазари

Вкупната продажба на возила е во благо опаѓање на глобално ниво, меѓутоа електричните автомобили во исто време бележат шампионски напредок. Само во Кина за шест месеци се продале половина милион „батериски“ возила. Холандија моментно бележи раст од преку 100 проценти.

Електромобилноста напредува сигурно и во 2019 година, иако вкупната продажба на возила е во пад на клучните автомобилски пазари. Кина и Норвешка се главните движечки сили и се издвојуваат во светски рамки. Побарувачката за електрични и плагин-хибридни возила во Кина се зголемила за 52 проценти во првото полугодие, додека во исто време вкупниот пазар се скусил за 12 проценти, вклучувајќи ги и товарните возила.

Во првите шест месеци, во Кина се продадени 628.000 електрични возила, од кои половина милион се патнички автомобили, а останатите се товарни возила и автобуси. Овие возила веќе постигнуваат знаен удел од 5,1 проценти во вкупната продажба на возила. Трендот не е ист за сите: Додека продажбата на „батериски“ автомобили е во рапиден пораст, плагин-хибридите се во пад. На четири батериски автомобили доаѓа по еден хибрид со надворешно полнење (класичните хибриди на Toyota не се вклуени во оваа статистика).

Во Норвешка, електричните автомобили во првите шест месеци од 19 постигнале удел од 56 проценти, наспроти 47 проценти во истиот период лани. Првите три месеци беа рекордни, со 61 проценти, главно поради пристигањето на Tesla Model 3. Продажбата на електрични автомобили (батериски и плагин-хибриди) постигнала раст од 22 проценти, со 23.400 возила. Уделот на батериски возила пораснал на близу 50 проценти, уделот на плагин-хибридите паднал на околу 10 проценти.

Продажен тренд на електрични автомобили на клучните пазари

(батериски и плагин хибриди; во првото полугодие ’19)

https://photos.app.goo.gl/DiPySVYfATPug4fe9

САД остануваат втор најголем пазар за електрични возила. Продажбата пораснала за 20%, на вкупно 149.000 возила. Батериските возила учествуваат со две третини, додека уделот на плагин-хибриди е во пад. Електромобилите напредуваат во услови кога целиот пазар е во пад (-2,3%) и достигнаа пазазрен удел од 1,8 процент. Тоа е неспоредливо помал удел отколку во Норвешка или Кина. Пазарен лидер е Tesla, со удел од 56 проценти. Само во јуни во САД се продале 21.000 примероци од Model 3.

Германија ја замени Норвешка на третото место на најголеми „електрични“ пазари. Во првото полугодие, вкупниот пазар бележи незначителен напредок со 0,5 процент, но во исто време продажбата на електрични возила пораснала за 41%, на 48.000 примероци. Соодветно и уделот порасна од 1,8 на 2,6ѕ проценти. Батериските возила учествуваат со 31.000 примероци или 80 проценти. На традиционалниот пазар за дизелот, уделот на овие мотори изнесува само 33 проценти.

Учество на електричните возила (батериски, плагин-хибриди) во вкупната продажба на возила на клучните пазари

(во првото полугодие од 2019 година)

https://photos.app.goo.gl/ADE288TA9LJRTM2fA

Францускиот пазар исто така пријавува голем напредок за електрични возила, со 29.000 примероци и раст од 38 проценти. Уделот сега изнесува 2,5 проценти. Околу три четвртини се батериски возила.

Во Велика Британија опаѓа продажбата на електромобилите, што се должи на неизвесноста околу брегзит. Целиот пазар е во пад од 3,4 проценти. Во првото полугодие се продадени 27.000 електрични возила или за 7% помалку отколку во истиот период лани. Уделот изнесува 2,1 проценти.

Холандската електромобилност напредува шампионски. Продажбата пораснала за 122% на вкупно 20.000 примероци, во услови кога целиот пазар е во огромен пад од 10,4 проценти. Учеството на електромобилите во вкупниот пазар најдобро го покажува напредокот. Од 3,6% лани, во првото полугодие од 2019 година нивниот удел пораснал на 8,9 проценти. Батериските возила учествуваат со 85 проценти, за што најголема заслуга има Tesla Model 3.

Претходна објаваВо гаражата на музејот на Mercedes: Возило се паркира автоматски
Следна објаваХамилтон и Ботас на гости кај тимот на Mercedes во Зинделфинген

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here