Насловот може комотно да гласи и – Хамилтон и Ботас на гости кај дизајнерот Таневски. Возачките ѕвезди на Mercedes-AMG во формула 1 го посетија седиштето на компанијата во Зинделфинген, остварувајќи посета и на дизајнерското одделение на Mercedes.
Вработените во седиштето на Mercedes во Зинделфинген имаа пријатно изненадување. Двајцата возачи на Mercedes-AMG Petronas, Луис Хамилтон и Валтери Ботас, направија питсоп во канцелариите на својот работодавец во неговото матично седиште, пред одржувањето на трката за големата награда на Германија, на Хокенхајмринг. Сето тоа беше замислено во смисла на слоганот „One Team“
По средбата со вработените во продукцијата на S-Class, Хамилтон и Ботас продолжија во дизајнерското одделение, каде што се запознаа со тимот на Горден Вагенер, шефот за дизајн на целиот концерн Daimler AG. Тоа што го привлече вниманието на јавноста за овој чин беше фотографијата што Славче Таневски ја објави на својот фејсбук-профил. Македонската јавност добро е запознена дека тој е веќе докажан дизајнер во Mercedes, чии нјанови креакции штотуку стартуваа со продажба – стилската купе-лимузина CLA и нејзиниот комби-пандан CLA Shooting Brake.
Славче Таневски (во иста боја на маица со Хамилтон), дизајнер на Mercedes CLA, CLA Shooting Brake, B-Class…
Посетата на возачките ѕвезди, Маркус Шефер, шеф на развој на Daimler и прв човек во глобалните набавки на Mercedes, ја коментира: „Се радувам што Луис и Валтери остварија средба со тимот во Зинделфинген во смисла на ‘One Team‘. Заедничката работа, тимскиот дух и мотивацијата не решаваат за победата само на тркачките патеки. Тоа се решавачки фактори за нашиот успех исто така во развојот и истражувањето.“