Концернот Volkswagen, преку својата фирма за нови видови на превоз Moia, планира цела година да тестира иноветивен заеднички превоз во Лондон. Станува збор за „ridepooling“, кога повеќе лица користат исто возило, но неговото движење се организира зависно од местото на поаѓање и пристигање на секој патник одделно. Партнер е Ratp Dev, една од најголемите транспортни компании во светот.
Moia во соработка со Ratp Dev, којашто се вбројува меѓу најголемите транспортни компании во светот, планира наесен да започне тестирање на таканаречен „ridepooling“ во Лондон. Станува збор за вид на споделување на превоз, односно еден вид такси возило во коешто се возат повеќе лица. Рутата на возење се приспособува компјутерски, според местото од коешто корисникот го повикува возилото, а компјутерски се пресметува и најдобрата тура, за сите патници да може навреме да пристигнат на своите различни одредишта. Проектот се планира да трае 12 месеци, а истиот ќе се одвива во подрачјето на Илинг.
Целта е да се добијат статистички податоци за тоа колку жителите се подготвени да се откажат од користење на сопственото возило и да преминат на нови видови на мобилност, кои се подобри за животната средина и се надоврзуваат на градскиот превоз.
Во Илинг има голем удел на поседување возило, околу 40% од жителите користат сопствено возило на пат до работа. Возилата на Moia, кои всушност се модифицирана изведба на Volkswagen Transporter, ќе се надоврзуваат на постоечката автобуска мрежа и ќе овозможат врска со метрото и со железницата.
Бидејќи со „ridepooling“ се смалува обемот на сообраќај, соодветно се намалува и емисијата на штетни материи во воздухот
Volkswagen ќе ги обезбеди возилата, мобилните апликации и алгоритмот за организирање на возењата, додека Ratp Dev ќе се погрижи за организирање на возачкиот персонал. Идејата е корисниците да не мораат да пешачат повеќе од 200 метри до местото на качување во возилото или до крајното одредиште. Превозот ќе функционира од 6 часот наутро до 1 часот ноќе.
Ratp Dev одржува системи за јавен превоз во 14 држави. Moia веќе ги нуди своите услуги во германските градови Хамбург и Хановер.
https://www.instagram.com/p/BzifMemokvj/
















