Кабриолетот од Renault 4 се враќа со погон на струја, само за шоу

Renault R 4 e-plein air
Renault R 4 e-plein air

Во 1970-те години, Renault го произведуваше легендарниот R4 во отворена изведба. Renault 4 Plein Air повторно е актуелен кај Французите, изработен во верзија на струја. Неговата цел ќе биде да привлекува внимание на салони и настани. Всушност се испробува како ќе реагира публиката.

На десеттото издание на „4L Interrnational“, фестивалот за љубителите на R 4, францускиот производител претстави електрична изведба на кабриолетот од легендарниот модел, што се произведуваше меѓу 1968 и 1971 година. На местото на бензинецот од 845 ccm работи електромотор од Renault Twizy. Новиот Renault 4 e-Plein Air има само две седишта, затоа што на просторот на задната клупа го пополни батеријата.

Renault 4 e-Plein Air е заеднички проект на Renault Classic, Renault Design и фирмата Melun Rétro, којашто е специјализирана за делови за олдтајмери од француската марка.

Бела маска со оригиналната форма му дава сосем свеж изглед на класичарот на Renault. Просторот над батеријата е наменет за корпа за пикник. Автомобилот за шоу користи скусена платформа од оригиналниот R 4.

Renault 4 Plein Air се појави со бранот необични автомобили од хипи-ерата. Французите изработија 563 примероци. Нема покрив, исто како што нема ниту прозорци и врати. Седиштата беа заменети со едноставна клупа. Моделот го привлече светско внимание како службено возило за превоз во рамките на Светскиот Саем во Монтреал во 1968 година.

Сцени со Renault 4 e-plein air на собирот 4L International

Реклама за оригиналниот R4 Plein Air во духот на времето, од 1968 година

Претходна објаваШвајцарски трицикл на струја со оригинален концепт
Следна објаваMazda започна со нарачки за новиот CX-30 во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here