Два електрични СУВ возат од Кина до салонот во Франкфурт

Aiways U5 od kina do germanija
Aiways U5 od kina do germanija

Кинескиот производител на автомобили Aiways испрати два прототипи од својот иден модел U5 на пат од Ксиан за Европа. Патувањето е долго над 14.000 километри, а целта е Франкфурт, односно салонот ИАА што ќе се одржува во германскиот град меѓу 12-ти и 22-ри септември.

Рутата долга 14.231 километри почнува по Патот на свилата и продолжува низ Казахстан и Русија. Предвидено е минување низ Москва и Санкт Петерсбург, пред да се продолжи кон Финска и неколку локации низ Скандинавија. По влегувањето во Германија, двата електрични СУВ-модели ќе упатат и кон Амстердам, Париз и Цирих. Потоа следи совладување на Алпите и враќање во Германија. Маратонското патување ќе заврши пред халите на салонот во Франкфурт, во средината на септември.

Инженерите на кинескиот производител ќе ги користат искуствата од долгото патување, за завршно дотерување на моделите за сериско производство. Целта е друга. Aiways сака да докаже колку е едноставно патувањето на долги релации со неговиот електричен СУВ. За логистиката при маратонското патување се грижи партнерот Allianz, во случај на потреба за полнење на батеријата надвор од предвиденото.

Продажбата на Aiways U5 во Европа се очекува да стартува во април 2020 година. Тоа ќе биде прв електричен автомобил од кинеска продукција, што ќе се продава на европскиот пазар. Во почетокот ќе бидат покриени само најголемите пазари за електричниот погон, односно Норвешка, Шведска Финска и Германија. Кинеските возачи ќе ги добијат своите примероци од U5 пред крајот на годинава.

https://www.instagram.com/p/B0BKSaVHNz3/

Ја следите авантурата на нашите светски патници Шуклев и Николов со Рено 4 до Кина?

џоко шуклев ѓорѓи николов кина пекинг
џоко шуклев ѓорѓи николов кина пекинг

 

Претходна објаваOpel отсега ќе се вози и во Израел
Следна објаваDacia Logan и Duster ќе се произведуваат во Нигерија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here