Публиката на фестивалот на луксузот што се одржуваше во замокот Шантили во Франција даде најмногу гласови за дизајнот на Lexus UX инспириран од рибини крлушки.
Шпанските уметници Антонито и Манолин победија на натпреварот за автомобилски дизајн организиран во чест на Lexus UX. Станува збор за мошне впечатлива дизајнерска шема, изработена детално и со живи бои, инспирирана од рибините крлушки. Изборот на најдоброто дизајнерско решение беше врвот на „Chantilly Arts & Elegance Richard Mille“. Луксузната марка на Toyota таму го одбележа својот 30-ти роденден.
Овој настан повеќе е познат во јавноста како фестивал на луксузот во Шато де Шантили, со главна посветеност на мотоспортот, уметноста и животниот стил. Бројната публика воедно гласаше за најдобрите дизајнерски решенија, избирајќи го делото на шпанското дуо за победничко. Антонито и Манолин во следната година ќе бидат гости на Lexus во рамките на Миланската Недела на Дизајнот. Lexus уште од 2005 година е задолжителен дел од овој врвен настан на модната сцена.
https://photos.app.goo.gl/KP5r5fGUveaUyr3z6
Шпанските уметници го бојадисаа Lexus UX со органска мрежа од сини и црвени крлушки, кои потсеќаат на рибината кожа. Тоа е мотив што често се среќава во јапонската уметност и култура. Оваа мрежа има тридимензионална структура, изработена од био-епоксиден материјал, што е навлечен врз каросеријата на новиот кросовер на Lexus.
Во рамките на престижниот настан беше прикажан и концептниот автомобил што ја најавува сериската изведба на Lexus LC Cabriolet. Европска премиера покрај прочуениот француски замок имаше и освеженото моделско годиште на Lexus RX.
https://photos.app.goo.gl/mLLTeSVqTiNwQtWw5
https://photos.app.goo.gl/u9ucjdrqscNdGJue7
⇒Врска до страницата на шпанското арт-дуо: https://lexusuxartcar.com/interior_sevilla.php
















