Учесниците на Тур д’Франс на 28-ми јули ќе ја минат целта на Шампс-Елизе. За победниците во одделните категории е подготвен трофеј од кристално стакло, за чијшто изглед повторно се погрижи дизајнерското одделение на Skoda. Шефот за продажба во чешката марка Алан Фејви ќе ги врачи трофеите.
Видот на брусењето на кристалното стакло се поврзува директно со еден од најпрепознатливите печати на чешките мајстори за кристал, наречен „шпицштајн“ односно „камен со врв“. Малечки квадрати се брусени во форма на пирамида.
Трофеите ќе се изработат во фирмата Lasvit, во соработка со Петер Олах, дизајнер во Skoda. Тие се високи 60 сантиметри и тежат четири килограми, а изработени се од врвен мајстор на свои 75 години, кој ја има усовршено техниката. За секој трофеј биле потребни по три денови работа.
Вака изгледа изработката на кристалните трофеи за Тур д‘Франс
Најпознатата велосипедска трка во светот, во своето 106-то издание, стартуваше на 6-ти јули во Брисел, во чест на Белгијанецот Еди Меркс, петкратен победник на Тур д‘Франс.
Skoda годинава по 16-ти пат е главен партнер и добавувач со возила на велосипедскиот маратон.
https://www.instagram.com/p/Byzy_-TI9nu/
















