Ford заслужен за пикапот во емоџи знаците

Ford заслужен за пикапот во емоџи знаците
Ford заслужен за пикапот во емоџи знаците

На светскиот ден на емоџи знаците, Ford открива дека има поднесено барање за пикапот да биде вклучен во списокот на емоџи знаци и во секојдневната комуникација по електронски пат. Дизајнот на пикап-емоџито исто така е дело на производителот на автомобили.

Секој ден се испраќаат милијарди емоџи знаци, вклучувајќи ги речиси сите видови возила. Автомобили, скутери, чамци, вселенски бродови, па дури и жичарници, но меѓу трите илјади одобрени икони пак недостига еден многу важен вид – пикап или камионет.

Ford се најде засегнат од отуството на пикапите, како производител што има повеќе од сто години традиција во сегментот. На светскиот ден на емоџи, гигантот од Дирборн му даде надеж на светот, дека проблемот наскоро ќе се реши.

Ford Ranger моментно е најпродаван пикап во Европа, со 26.700 примероци во првата половина од 2019 година

Барањето за пикап-емоџито било испратено до конзорциумот за унифицирано кодирање уште лани. Сега, камионетот е влезен во потесниот список кандидати за следното дополнување на „уникодот“.

Дизајнери и останати експерти на Ford вложија многу труд во изгледот на пикап-емоџито. Се прегледувале форуми, стилови на инфлуенсери и коментари на социјалните мрежи, за вистински да се погоди изгледот на симболот на пикап.

Во почетокот на 2020 година ќе се решава дали симболот за пикап на Ford ќе биде вклучен во компјутерската комуникација во светот.

https://youtu.be/umv1tCTkLa4

Претходна објаваСезона на „летни“ вести: Лажно Ferrari се произведува во Бразил
Следна објаваLexus лакиран како крлушки од риба победи на дизајнерски натпревар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here