Брзинскиот круг во Нардо е обновен и чека автомобили за тестирање

Nardo кружна патека
Nardo кружна патека

Производителите на автомобили повторно ќе можат да тестираат екстремни брзини на кружната патека Нардо, во Италија. Porsche ја презеде концесијата врз целиот комплекс во 2012 година. Обновувањето на комплексот чинеше 35 милиони евра.

По седуммесечна работа и инвестирани 35 милиони евра, комплексот за тестирање во Нардо повторно е отворен. Кружната патека доби комплексен асфалтен спој и нова заштитна ограда што посебно е развиена од Porsche Engineering за екстремните брзини што се постигнуваат тука. Комплетно е обновена и платформата за тестирање на возната динамика, со површина од 106.000 метри квадратни.

https://photos.app.goo.gl/6h7Dsnmc7xfSjPJb9

На патеката што е под концесија на Porsche можат да тестираат сите производители на автомобили

Покрај тестови со екстремни брзини, на Нардо ќе се вршат и тестирања на техника за брзо полнење на батериите на електричните автомобили, како и на нови системи за асистенција, онлајн-услуги и автономно возење.

https://photos.app.goo.gl/uXi1fKZDtvQBZorz9

Комплексот опфаќа повеќе од 20 посебни тест-патеки и постројки, на површина од преку 700 хектари. Досега во Нардо тестирале 90 автомобилски компании. Работниот персонал брои повеќе од 150 лица.

Porsche Engineering ја користи патеката и за сопствени потреби, како компанија што децении наназад нуди инженерски услуги за клиенти од целата автомобилска бранша

Нардо е изградена уште во 1975 година, како кружна патека за постигнување екстремни брзини, долга 12,6 километри. Многу рекорди се поставувани и повторно соборувани на овој легендарен курс во регионот на Апулија. Тестирањата обично се вршат во строга тајност и далеку од погледите на јавноста.

Врска до веб-страницата ⇒ http://www.porscheengineering.com/nardo/en/services/testing/testtracksandfacilities/

Претходна објаваAston Martin Valkyrie првпат во возење пред британското гранпри
Следна објаваMercedes со две победи на изборот на британскиот Auto Express

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here