Mercedes со две победи на изборот на британскиот Auto Express

Mercedes награди Ауто Експрес
Mercedes награди Ауто Експрес

Два модела на Mercedes победија во изборот на автомобил на годината на британскиот магазин Auto Express за 2019 година. Mercedes S-Class шеста година по ред е прогласен за луксузен автомобил на годината, додека E 300 de победи во категоријата на премиум автомобили со хибриден погон.

Mercedes S-Class се избори за титулата со инвативната технологија, исклучителниот возен комфор и со удобната кабина. Признанието на E 300 de се темели врз хибридната технологија, ниските оперативни трошоци и комфорната внатрешност.

Уредникот Стив Фаулер гледа статус кво во секторот на луксузните автомобили: „И покрај фејслифтот на некои соперници, Mercedes S-Class и натаму е крал во својата класа. Тој само ја зацврсти позицијата, со воведувањето на хибридниот погон со бензински мотор, иако дизелите и натаму се одлични и совршено го надополнуваат карактерот на автомобилот.“ Познатиот британски автор од областа на автомобилизмот, додава дека „тоа е одличен автомобил за возење, но уште е подобро да се биде возен.“

https://photos.app.goo.gl/2iYthLqDA6HzVe9w5

Посебноста, пак, кај Mercedes E 300 de се состои во тоа што неговиот хибриден погон е комбиниран со дизел мотор, наспроти повеќето хибридни модели што користат бензинец. Тоа е добро за емисијата на СО2, којашто изнесува само 41 g/km. Според магазинот Auto Express, овој модел е одличен како службено возило. „Не станува збор само за финансиска придобивка. Електромоторот го растоварува дизелот и посредува префинето и комфорно возење, додека спринтот за 5,9 секунди до темпо сто гарантирано предизвикува насмевка“, заклучуваат британските автомобилисти.

Претходна објаваБрзинскиот круг во Нардо е обновен и чека автомобили за тестирање
Следна објаваHarley-Davidson Fat Boy составен од 1.023 лего-коцки

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here