за

Harley-Davidson Fat Boy составен од 1.023 лего-коцки

harley davidson fatboy lego
harley davidson fatboy lego

Harley-Davidson Fat Boy е главниот новитет летово во продавниците за Лего. Комплетот за составување на легендарниот мотоцикл содржи подвижни делови, како волан, рачки за сопирачките и за спојката, задно тркало и мотор Milwaukee-Eight со подвижни клипови.

Малечката верзија на Fat Boy е достапна во комбинација од темноцрвена и црна боја, со логоа на Harley-Davidson. Комплетот за експерти на Лего со Harley-Davidson Fat Boy содржи 1.023 делови и ќе се појави во продажба на 1-ви август во продавниците на Лего и во онлајн, по цена од 90 евра.

Соработката со Harley-Davidson го инспирираше дизајнерскиот тим на Лего да го изработи моделот Fat Boy во природна големина. Тој поседува посребрени делови, вклучување одредени функции преку Wi-Fi, како и звучнми и светлосни ефекти. Мотоциклот од коцки е изработен за 865 работни часови и се состои од 69.569 делови. Овој Fat Boy ќе има турнеја во избрани продавници за лего.

https://www.instagram.com/p/BzsmepEFA06/

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes награди Ауто Експрес

Mercedes со две победи на изборот на британскиот Auto Express

Tesla Model Y bela

Tesla имаше рекорден квартал и најавува нови вработувања