Град во Франција ја ограничува брзината на 30 km/h на сите улици

бегл франција ограничување 30
бегл франција ограничување 30

Гратчето Бегл во близина на Бордо бара намалување на бучавата, на загаденоста и на незгодите и, од септември нема да дозволува по неговите улици да се вози побрзо од 30 километри на час.

Гратчето Бегл со своите 27.000 жители, јужно од Бордо, реши од септември да ја ограничи брзината на сообраќајот на целата територија на 30 километри на час. Бегл ќе биде прв град во Франција што воведува строг сообраќаен режим. Според градоначалникот Клемент Росињол, од партијата на Зелените, оваа мерка има за цел, „на жителите да им се врати јавниот простор“.

https://www.instagram.com/p/BzpWUJNoXYd/

Градската управа очекува дека со мерката ќе се намали бројот на загинати во сообраќајот. Во исто време треба да се намали и загаденоста на воздухот од штетните материи од сообраќајот, како и да се смали бучавата со којашто се соочуваат жителите.

Дополнителна цел е градот да го избегне таканаречениот „навигациски ефект“, кога уредите за навигација ги водат возилата низ градот, кога има преголем метеж по патиштата што водат до Бордо.

Претходна објаваЕлектричниот Porsche Taycan пред публиката во Гудвуд
Следна објаваSkoda Kamiq започна со производство: Дневно по 400 примероци

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here