Skoda Kamiq започна со производство: Дневно по 400 примероци

Skoda Kamiq започна со производство
Skoda Kamiq започна со производство

Во фабриката на Skoda во Млада Болеслав започна производството на третиот и најмал СУВ-модел на Чесите, Skoda Kamiq.

Понудата од теренски модели на Skoda доби нов член. Kamiq е најмал модел во СУВ-понудата, покрај Kamiq и Kodiaq. Според чешкиот производител, моделот наменет за еврпскиот пазар ги спојува предностите на СУВ, како што се поголемиот клиренс и повисокото седење, со подвижност на градски автомобил.

Покрај Kamiq, во матичната фабрика во Млада Болеслав се произведуваат уште Octavia, Fabia, Scala и Karoq. Во производството на Kamiq се вложени околу 100 милиони евра, вклучувајќи приспособувања за платформата MQB27, изработка на нови калапи, преправки во лакирницата и усвојување на нови работни постапки, како што е монтажата на дводелните светла со диодна техника. Од фабриката во Млада Болеслав секој ден ќе излегуваат по 400 примероци од Kamiq.

Моделот е долг 4,25 метри, располага со современи системи за асистенција, штедливи мотори и можности за поврзување, соодветно на потребите на младите возачи на кои цели Kamiq.

Претходна објаваГрад во Франција ја ограничува брзината на 30 km/h на сите улици
Следна објаваВака изгледа кога Bentley поставува рекорд на Пајкс Пик

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here