Kia XCeed: Кросовер се придружува на моделското семејство на Ceed

Kia XCeed
Kia XCeed

Продолжува да расте моделското семејство на третата генерација на Kia Ceed. Покрај класичната комбилимузина, комбито Ceed Sportswagon и купе-комбито ProCeed, Корејците ќе ја нудат и кросовер изведбата XCeed.

Kia XCeed спојува својства на СУВ со спортски изглед и динамични возни својства на класичен модел со пет врати. Кабината и багажникот се големи како кај СУВ-модел, а на тоа следат вообичаеното седење на повисоко и подобрата прегледност отколку во обична комбилимузина.

Моделот се одликува и со напредно технолошко ниво. Тоа важи и за системите за асистенција и за инфо-забавние системи, но и за погонот. Продажбата на главните европски пазари е планирано да започне кон крајот на септември, кога ќе бидат понудени турбо бензинци и дизели, за од следната година да им се придружат благ-хибрид со 48-волтна мрежа и изведба со плагин-хибриден погон.

Сите моделски изведби на Kia Ceed, којашто е развиена посебно за европскиот пазар, се произведуваат во фабриката во Словачка и се нудат со вообичаената 7-годишна гаранција на Kia.

Претходна објаваУправуваната задна оска на ZF достигна 500.000 примероци
Следна објаваFord со нова организација и три сосем нови моделски серии

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here