Renault Trucks одбележува 125-годишнина со посебно издание на T High со ознака 1894, според годината на основање. Моделот со 520 КС ги носи боите на логото на Berliet и ќе биде достапен во само 125 примероци во цела Европа. Каросеријата е лакирана во ексклузивна „ноќно-сина“ боја, маската е во златно жолта, додека некои помалку впечатливи делови се во црвена боја.
T High 1894 е опремен и со компресорски фанфари во златна боја, како и рефлектори на покривот. Кабината ја украсуваат графички детали, задолжителниот натпис „Edition 1894“ и посебно лого, коешто е комбинација од знакот на Renault и историското лого на Berliet, препознатливо по локомотивата во средина.
Во истиот стил е изведена и внатрешноста. Арматурната табла и воланот се во ноќно сина боја, додека облогите на вратите се во црвена и сина боја. Црвената е присутна во рамките на отворите за проветрување. Седиштата од Recaro со црна кожа имаат црвени штепови. На потпирачот за глава пишува „Edition 1894“ со златен конец.
https://photos.app.goo.gl/xeYruCDoKRNm65bg8
Во опремата спаѓа таканаречена панорамска арматурна табла, со два големи дисплеи, на кои се прикажува и снимката од камерата за рикверц. Berliet е поранешен француски производител на автобуси и камиони, кој во 1970-те години стана дел од групацијата Renault. Денес и самиот Renault Trucks е дел од групацијата Volvo.
Швајцарски превозници тестираат електрични камиони на Mercedes
На овој камион му е вишок „камионот“
Mercedes го испорача 750.000-от камион во „пакет“
Електричен камион носи делови за електричниот Porsche
















