Новиот Peugeot 2008 стартува со продажба кон крајот на годинава

PEUGEOT_2008_nov
PEUGEOT_2008_nov

Новиот Peugeot 2008 ќе биде достапен и во електрична верзија. Уште еден новитет се 3D-инструментите. Од системите за асистенција е достапен радарски темпомат со самостојно запирање и поаѓање во колона, во комбинација со автоматски менувач.

Новата генерација на кросоверот на Peugeot има поголеми димензии од претходникот. Првите пазари ќе ги добијат Peugeot 2008 и електричниот e-2008 пред крајот на годинава. Основата за возилото доаѓа од платформата CMP. Со 4,30 метри, новиот кросовер е за 14 сантиметри подолг од стариот модел. Меѓуоскиното растојание се зголеми за 6 cm, на 2,65 метри.

Багажникот располага со зафатнина од 434 литри, исто и во електричната верзија на моделот. Средишниот дисплеј има пречник од десет инчи во најскапата изведба. По желба може да се доплати за контрола на тракција Grip Control, којашто помага при малку влошени услови на патот.

Електромоторот во Peugeot e-2008 поседува моќност од 136 КС и постигнува вртежен момент од 260 њутнметри. Погонската спрега практично е иста со e-208. Со батерија од 50 kWh, кросоверот може да измине до 310 километри, според новата норма WLTP. Гаранцијата дека батеријата ќе задржи до 70% од првичниот капацитет трае осум години или 160.000 километри.

Полнењето на батеријата на домашен приклучок за струја трае 16,5 часови. На јавен брз полнач со 100 kW, процедурата се скусува драстично, на само 30 минути до 80% наполнетост.

Mazda 3 на споредбен тест со Ford Focus и Peugeot 308 во Ауто Билд

Седиштето на Peugeot во Германија се сели кај Opel во Риселсхајм

Opel во Русија, Peugeot во Северна Америка, Citroen во Индија

Peugeot 208 оди на комфор, појава и на струја

Претходна објаваВо чешките фабрики на Skoda работат 4.443 странци од 48 држави
Следна објаваИрска стопира продажба на дизели и бензинци во 2030 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here