Електричната Honda ќе вози на Фестивалот во Гудвуд во јули

Honda e najava goodwood
Honda e najava goodwood

Публиката на прочуениот Фестивал на Брзината во Гудвуд ќе има можност првпат да ја види електричната Honda во возење. Според производителот, двата прототипи што ќе се појават на настанот во Британија одговараат 95% со сериската изведба на моделот.

Фестивалот на Брзината во Гудвуд е важен настан за новиот електричен автомобил на Honda, означен едноставно како Honda e. Два прототипи од идниот модел на струја се испраќаат за оваа позната манифестација во Британија. Едниот ќе послужи за статичко претставување, а вториот примерок ќе учествува на ридската трка, којашто е суштински дел од Фестивалот.

Настанот годинава се одржува меѓу 4-ти и 7-ми јули. Honda го најави својот електричен автомобил по неполн месец откако потврди дека камерите во замена за ретровизори ќе бидат во сериската опрема на овој историски важен модел за марката, но и за самиот пазар.

https://photos.app.goo.gl/Dbp4ZJYLmHj7sGhW9

Премиерата ќе се случи неколку месеци подоцна, иако Honda досега не посочила дека тоа би се случило на салонот во Франкфурт, како најважна манифестација од овој тип годинава. Прототипот кој имаше премиера во Женева годинава, според Honda одговара 95% со серискиот модел.

Заедно со Honda е, на Фестивалот во Гудвуд ќе се појави и новото моделско годиште на суперспортскиот Honda NSX, кој користи комбинација од три електромотори во хибридната погонска спрега.

Камери место ретровизори како стандард кај електричната Honda

Електричната Honda стартува со резервации во четири европски земји

Џенсон Батон постави уште рекорд со Honda Civic Type R

Името на електричниот автомобил на Honda e…

Претходна објаваSeat Mii на батерија вози 260 километри со едно полнење
Следна објаваMercedes-AMG CLA 35: Комби жолто како завист, со 306 КС

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here