Мартин Делев е победник на втората трка што денес се одржа на патеката во Кичево, во рамки на Твинго Куп. Возачите во купот имаа вистински предизвик за своите тркачки таленти на влажната патека.
Со вториот триумф сезонава, вкупното време на Мартин Делев изнесува 28:15.846 минути. Второто место на победничкиот подиум му припадна на Давид Малинковски, кој финишираше со задоцнување од 0,356 секунди, додека трет беше Емил Нацка.
Од четвртото до седмото место се пласираа Ангелчо Стојковски, Слободан Трајковски, Иван Стефановски и Ненад Костовски. На трката не стартуваше Сашо Кочевски, додека Томислав Трајковски излета на двојната десна кривина во деветиот круг и не беше во можност да ја продолжи трката.
https://photos.app.goo.gl/gKxyuL1wjyzrvZj59
Организаторите посебно им се заблагодарија на натпреварувачите, кои го прифатија предизвикот да возат на влажна патека и да го покажат својот тркачки талент во отежнати услови на патека.
Купот ќе се состои од три сезони, со парични награди по завршувањето на секоја сезона за трите најдобро пласирани возачи, додека по заокружувањето на купот по трите сезони во Твинго Куп, како награда е предвиден електричен Renault Twizy.
https://photos.app.goo.gl/UamU88aNeedBuiZV7
Започна Renault Twingo Cup, победа на Мартин Делев
Renault Twingo Cup од годинава се вози и во Македонија
















