Автопилотиран Ford испорачува пратки преку автопилотиран робот

ford digit робот испорака
ford digit робот испорака

Купувањето преку интернет веќе е вообичаена практика, но како што расте неговиот обем, така се зголемува и потребата од возила и служби за достава. Само американската пошта лани доставила повеќе од шест милиони пакети. Тоа е двапати повеќе отколку пред десет години.

Ford истражува како да се подобри доставата и започна соработка со компанијата Agility Robotics. Од тоа произлезе Digit, робот на две нозе, кој е изработен од лесни материјали и се движи слично како човек. Носивоста му е 20 килограми, може да се качува по скали и да се движи по нерамен терен, без да изгуби рамнотежа.

Кога автопилотираниот Ford ќе запре пред одредиштето, Digit излегува и го врачува пакетот директно на врата

Автопилотираните возила во иднина ќе можат во исто време да вршат превоз на патници, пакети, па и на роботи како Digit. Секој ќе дојде точно до својата цел и ќе плати помалку, поради организираниот заеднички превоз. Подобрувањето со „автопилотираниот робот“ е во тоа што примачот повеќе не мора да го напушта домот за да ја преземе пратката. Кога автопилотираниот автомобил ќе пристигне до соодветното одредиште, Digit го зема пакетот од возилото и го доставува до врата.

https://www.youtube.com/watch?v=WHWciIxNK2c

Digit поседува ласерски радар и повеќе стерео камери, што му овозможува лесна ориентација во просторот. Доколку наиде на сложена пречка, роботот испраќа податоци до возилото на Ford, чијшто помоќен компјутер наоѓа соодветно решение за совладување на пречката.

Повеќе информации за роботите на американскиот специјалист:

http://www.agilityrobotics.com/

Ford испорачува храна со роботски автомобили во Мајами

Претходна објаваDHL нарача 100 доставни возила со погон на водород
Следна објаваИдниот Smart ќе доаѓа од Кина и ќе вози на струја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here