Ford испорачува храна со роботски автомобили во Мајами

ford robotski avtomobili hrana

Жителите на Флорида можат да нарачуваат храна којашто ќе им пристигне со роботски автомобил на база на Ford Transit Connect

Во соработка со партнерот Postmates, производителот на автомобили тестира испорака на храна од ресторани, кафулиња или локални дуќани. Во проектот во Мајами и Мајами Бич моментно учествуваат преку 70 компании.

Доставното возило Ford Transit Connect е опремен со специјален „шалтер“, којшто овозможува повеќе корисници да ја добијат нарачаната храна во една тура на возилото. Секако дека главната технологија во Transit Connect е во системите за автономно возење. Иако комбето може да вози самостојно, тоа сепак е управувано од возач. Главната цел е да се провери како клиентите реагираат кога роботски автомобил ќе им ја испорача нарачката. Без возач, без доставувач, само техника.

Ford ќе стартува со продажба на роботски автомобили во 2021 година

Кога Ford Transit Connect ќе пристигне, клиентот добива порака. За отклучување на шалтерот е потребно преклу дисплејот да се внесе кодот што клиентот го добил при нарачката. На дисплејот се појавува информација за преградата во којашто се наоѓа храната, којашто е осветлена. Корисниците добиваат и звучни пораки, како помош.

Ford веќе стартуваше слично тестирање лани, со Domino’s Pizza. Проектот се одвива во Ен Арбор, град со околу 115.000 жители во сојузната држава Мичиген. Случаен генератор избира кои клиенти ќе ја добијат нарачката со роботски автомобил. Таму се користи Ford Fusion Hybrid, во когошто исто така се наоѓаат експерти на компанијата. Патот на нарачката може да се следи преку GPS, на мобилна апликација. За сé да биде беспрекорно, Fusion поседува загревана преграда, за пицата да не се излади.

https://www.youtube.com/watch?v=9DY0LKOdE3M

Претходна објаваПоради дизел скандалот: Златен волан нема да се доделува годинава
Следна објаваMercedes отвора 1.000 работни места во Полска

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here