Електричната Honda стартува со резервации во четири европски земји

Honda e rezervacii
Honda e rezervacii

Honda го објави почетокот на резервациите за градскиот електричен автомобил Honda e во четири европски држави: Велика Британија, Германија, Франција и Норвешка. Купувачите што ќе се пријават на посебната веб-страница добиваат предимство когаподоцна ќе треба да ја потврдат нарачката за возилото. Повратната резервација чини 800 евра, а првите испораки ќе бидат во следната пролет.

Досега повеќе од 25.000 потенцијални купувачи ширум Европа искажаа интерес за Honda e

Прототипот на Honda e имаше премиера на салонот во Женева во март годинава. Тоа е вообичаен манир на јапонската марка, пред прикажувањето на конечната, сериска изведба на своите модели. Публиката и експертите го поздравија тоа што голем дел од функциите кај концептниот Honda Urban EV од 2017 година се задржуваат и во серискиот модел. Тоа особено важи за арматурната табла, за камерите место ретровизори, но најмногу за дизајнот што поседува привлечна ретро-нишка.

Honda Urban EV prototip kokpit

Сите моделски серии на Honda ќе вклучуваат изведба со електрифицирана погонска спрега до 2025 година, било да станува збор за целосно електричен погон или за хибридна верзија. Honda е ветува и возачко уживање, затоа што погонот е на задните тркала, а марката што има долга и успешна традиција во мотоспортот нагласува дека погонот ќе постигнува висока моќност. Батеријата ќе испорачува енергија за повеќе од 200 километри, а техниката ќе дозволува користење брзи полначи, на кои 80% наполнетост ќе се постигнува за половина час.

Името на електричниот автомобил на Honda e…

Honda E каква што сцената уште одамна ја обожува

Електричната Honda со дрвена табла и три џиновски дисплеи

Honda го потврди електричниот автомобил за салонот во Женева

Претходна објаваVolvo очекува преку 100 тест-возења на „Freedom to Move“
Следна објаваBMW со поздравно видео за заминувањето на Дитер Цече од Daimler

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here