Porsche 911 Speedster оди во серија од 1.948 примероци

Porsche 911 Speedster

Porsche 911 Speedster се појави како концепт, но крајниот исход беше извесен уште тогаш. Двоседот со препознатливата грбка ќе се изработи во мала серија, за пуристи и колекционери, со атмосферски боксер со 510 КС и мануелен менувач. Секако, овој пакет има и соодветна цена.

Porsche 911 Speedster налето ќе стартува во серија од 1.948 примероци, според годината во којашто се појави првиот автомобил од спортската марка. При развојот беа користени искуствата од 911 R од 2016 година и 911 GT3. Четирилитарскиот боксер од GT3 ослободува 510 КС при 8.400 вртежи, а за преносот на сила е задолжен шестстепен мануелен менувач.

Силуетата на Porsche 911 Speedster со скусениот ветробран и грбката се повикува на изгледот на 356 Speedster

Стилско обележје на Speedster е капакот на преградата за покривот, којшто во оваа форма првпат се појави кај моделот од 1988 година. Ветробранот е понизок од стандардниот кабриолет, исто како и страничните стакла. Овој дизајн го следи примерот на Porsche 356 Speedster од 1954 година.

https://photos.app.goo.gl/LrXLawT94FgGanZC6

Со покривот во принцип се ракува рачно, иако прво се вмешува електрика што отвора, затвора и преклопува неколку елементи, за процедурата да биде полесна. Потоа треба однадвор да се извлече масивниот карбонски капак и покривот со вообичаената Z-шема на преклопување да се извлече или впушти.

Предната хауба е од карбон и за уште два килограми е полесна отколку кај 911 GT3. Предните крила се од истиот материјал. Браникот е од GT3, долната ламела ја има само Speedster. Место таканаречените талбо-ретровизори од студијата со којашто беше одбележан почетокот на прославата за 70-годишнината, се користат класични ретровизори. Задниот спојлер и браникот се од 911 GT3 Touring.

https://photos.app.goo.gl/XD2Us32hHixHTCj68

Школкастите седишта имаат карбонска основа, а лесниот материјал се користи и за потпирачот за лакт во вратите. Во нив нема џебови, туку мрежа, исто како што се користи и јамка за повлеквуање на вратата, место рачка – сé со цел да биде најлесно што може.

Спринтот до сто трае четири секунди, крајната брзина изнесува 310 km/h. Иако моторот користи два филтри за честички специјално за ото-моторите (OPF), заради строгите норми, моќноста е за 10 КС повисока во споредба со GT3. Спортскиот издув, комплетно изработен од челик, исто така е полесен за десет килограми.

https://photos.app.goo.gl/8VWYnVExEeS9BaG49

Гените од GT3 и 911 R се покажуваат и во управуваната задна оска и динамичните држачи на моторот. Каросеријата е спуштена за 25 милиметри, стандардно следуваат ковани бандажи од 20 инчи со централна навртка. Стандард се и керамичките сопирачки.

Цената за Porsche 911 Speedster во Германија изнесува 269.274 евра. На тоа може да се додадат уште 21.643 евра, за специјалниот дизајнерски пакет во стилот на автомобилите од 1950-те години.

https://photos.app.goo.gl/rqTNx4DGo6Q5cmjN9

https://photos.app.goo.gl/57684qgcABz6WKgt6

https://photos.app.goo.gl/Wh7zcG8wirBqcB4d8

https://youtu.be/tTO-x-pTrg0

Производството на електричниот Porsche Taycan ќе биде СО2-неутрално

Електричен Aston Martin се пријавува за конкурент на Porsche Taycan

Porsche со воз до Кина за 20 дена, двапати побрзо од брод

Porsche Taycan дојде до фаза да си игра со снегот

 

 

Претходна објаваSkoda Superb ќе добие уште посупериорен дизајн
Следна објаваДва од десет возачи на Outlander PHEV полнат струја на три дена

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here