
Во фабриката во Бремен започна производството на Mercedes EQC, на „мерцедесот“ меѓу електричните автомобили. Книгата со нарачки е отворена, големиот СУВ на батерии се произведува на иста лента со моделите со хибриден погон.
EQC 400 4MATIC, тоа е ознаката на автомобилот за когошто денес ќе се зборува и во главните тв-дневници. Според Mercedes, тоа е прв модел развиен и произведен во рамките на стратегијата Case, којашто спојува конективност, автономно возење, нови услуги, и секако, погон на струја,
Со Mercedes-Benz EQC започнува новата ера на мобилноста. Тој е дел од растечкото семејство на возила со погон само на струја на Mercedes-benz и ги обединува традиционалните својства на марката, како квалитет, безбедност и комфор. На нашите клиенти им нудиме прогресивен дизајн и единствен возен комфор – сето тоа при досег што одговара за секојдневието
Брита Зегер, директорка на продажба во Mercedes-Benz
Производителот наведува досег меѓу 445 и 471 километри според нормата NEDC. Цената на основната моделска изведба во Германија изнесува 71.281 евра, вклучувајќи богата стандардна опрема. Без ДДВ, цената е под 60.000 евра, со што електричниот Mercedes ги исполнува условите за масивната државна субвенција од најмалку 4.000 евра.
Производство на EQC на иста лента со Mercedes C-Class
Од фабриката во Бремен денес излезе првиот примерок од EQC. Моделот таму се произведува на иста лента со лимузината и комбито од C-Class, GLC и GLC Coupe. Погоните се одликуваат со висока флексибилност, така што во секој момент може да се интервенира и да се зголеми продукцијата на одреден модел, зависно од моментната побарувачка.
Технички податоци · Mercedes EQC 400 4Matic
|
Емисија на CO2 |
0 g/km |
|
Потрошувачка на струја (NEDC) |
20,8 – 19,7 kWh/100 km |
|
Досег (NEDC) |
445 – 471 km |
|
Време на полнење преку домашен полнач (AC) |
11 часови |
|
Време на полнење на брз полнач (DC) |
Околу 40 min |
|
Погон |
2 асинхрони електромотори, погон на сите тркала |
|
Моќност |
300 kW (408 КС) |
|
Вртежен момент |
760 Nm |
|
Крајна брзина |
180 km/h (ограничено) |
|
0-100 km/h |
5,1 s |
|
Батерија |
Литиум јон |
|
Капацитет на батерија(NEDC) |
80 kWh |
|
Тежина на батерија |
652 kg |
|
Должина / Ширина / Висина |
4.761/1.884 (2.096) /1.623 mm |
|
Ширина на трага |
1.625/1.615 mm |
|
Меѓуоскино растојание |
2.873 mm |
|
Багажник |
ca. 500 l |
|
Празно возило / Дозв. теж. / Носивост |
2.495/2.940/445 kg |
|
Тежина на приколка |
1.800 kg |
|
Mercedes-Benz EQC Цена од (евра) |
71.281,00 |
|
Mercedes-Benz EQC Edition 1886 Цена од (евра) |
84.930,30 |
Mercedes EQC: Германците уште еднаш го измислија автомобилот
Електричниот Mercedes EQC со светска премиера на 4-ти септември















