Гордон Мареј, таткото на McLaren F1 и на серии победнички болиди во Ф1, денес е одликуван за командант на британската империја од војводата на Кембриџ, принцот Вилијам.
На свеченост во Бакингемската Палата, професор Гордон Мареј, едно од најценетите имиња на автомобилската сцена доби кралско одликување за својот придонес во мотоспортот и општо во автомобилизмот во минатите 50 години. Човекот кој најкусо може да се опише како конструктор на McLaren F1, именуван е за командант на британската империја од страна на принцот Вилијам.
Мареј го дизајнира првиот автомобил во родната Јужна Африка во 1967 година, пред да се пресели во Велика Британија и да стане технички директор на Ф1-тимот на Brabham. По две конструкторски титули во кралицата на мотоспортот, во 1981 и 1983 година, тој преоѓа во McLaren, на позиција на технички директор. Таму следат уште три конструкторски титули, од 1988 до 1990 година.
https://photos.app.goo.gl/sjDMfSCj6H53MHYCA
Откако Ф1-болиди конструирани од него ја постигнуваат 50-та победа, Мареј основа сопствена компанија McLaren Cars. Првиот проект е токму McLaren F1. Тркачка изведба од легендарниот автомобил освојува два GT-шампионати и постигнува победа во класа на 24 часа Леман во 1995 година. Уште еден модел од портфолиото е Mercedes-Benz SLR McLaren.
https://photos.app.goo.gl/ksc31fVi8jjPGUQk9
Во 2007 година, две години по заминувањето од McLaren, професорот основа компанија за конструирање и развој на автомобили, Gordon Murray Design. Оттаму пристига иновативната производствена технологија iStream.
На 14-ти мај излегува од печат новата книга на Гордон Мареј, насловена „One Formula“, со детали од неговата 50-годишна кариера.
















