Долгоочекуваниот нов модел на TVR ќе биде претставен во Гудвуд

Новиот модел на TVR ќе ја има својата светска премиера на тркачкиот собир на историски автомобили во Гудвуд. Развојот на новото спортско купе е дело на прочуениот Гордон Мареј. TVR ветува спринт до сто за четири секунди и 320 km/h.

Легендарната спортска марка TVR дефинитивно се враќа на сцената. Светската премиера на новиот модел за когошто ентузијастите се во големо исчекување ќе се случи во рамките на Гудвуд Ривајвл, тркачки собир на најзначајните автомобили во историјата – тоа е првпат на оваа традиционална манифестација да се случи светска премиера.

Атмосферски осумцилиндарец со 500 КС и печат од Cosworth за новиот TVR

Ветува фактот што во создавањето на новиот спорски модел учествуваше прочуениот Гордон Мареј, во чиешто богато портфолио се наоѓаат McLaren F1 и Mercedes SLR McLaren, но и цела серија победнички болиди во формула 1. Само неколку бројки откриваат од британската марка: Тежина од 1.200 килограми, забрзување до 100 km/h за околу четири секунди и крајна брзина од 320 километри на час. За погонот е задолжен петлитарски V8 развиен во Cosworth, со моќност од околу 500 КС. Очигледно станува збор за атмосферски мотор, без натполнење.

Новиот модел ќе биде прикажан во „Earls Court“ и ќе се најде во центарот на штандот, покрај голем број останати модели на TVR, во знак на одбележување на седумдесетгодишнината на британската марка. Вообичаено за традициски свесните Британци, при развојот се внимаваше да се задржат основните начела на марката, како во поглед на конструкцијата, така и во ценовната достапност – тоа сепак е релативно, со оглед на фактот што возилата во поголемиот дел ќе се изработуваат рачно.

https://www.facebook.com/tvrauto/photos/a.444406732593728.1073741828.170127550021649/444406675927067/?type=3

Лес Едгар, шеф на TVR, ја најавува премиерата: „По цела низа разгледувања на новиот автомобил во затворен круг од постоечки сопственици на новиот модел, убедени сме дека имаме жежок хит и со нетрпение ја очекуваме реакцијата на публиката во септември.“

Цената на воведната серија Launch Edition изнесува 90.000 фунти, односно околу 103.000 евра. Серијата изработена во 500 примероци е речиси распродадена, TVR во септември продолжува со нарачки за стандардната верзија на моделот.

Претходна објаваElise Cup 250 е најбрзиот четирицилиндарски Lotus во историјата
Следна објаваTesla пред Porsche на ранг листата на највредни марки

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here