Музејот на Lamborghini во Сант Агата Болоњезе доби нов изглед и стана Mudetec, Музеј на технологијата. Интерактивниот простор ги открива тајните на Lamborghini, ги прикажува важните иновации и перфекцијата што е неопходна да се произведе суперавтомобил од највисок ранг.
Новата поставка во музејот на Lamborghini ги носи посетителите во светот на иновациите, истражувањата и развојот кои сочинуваат голем дел од автомобилите на Lamborghini. Изложени се историски автомобилски икони, од типот на 350 GT, Miura, Countach и „рамбо-ламбо“ LM002, исто како и уникатни примероци со најсовремена технологија, од ковот на концептниот Asterion или Aventador Super Veloce Jota, кусо SVJ.
Технологиите што ги сочинуваат денешните модели од Сант Агата се карбонски материјали и „ковани композити“, во комбинација со активна аеропдинамика ALA, зад којашто всушност стои најнапредна електроника, или LDVI, вештачка интелигенција што го предвидува однесувањето на возилото и соодветно ги приспособува контролните системи.
Периодот на 1960-те го претставуваат 350 GT, првиот спортски автомобил на Lamborghini, или Miura, своевремено најбрзиот автомобил во светот, како и Espada, прв четирисед со моќен V12, но и со сиот замислив комфор во тоа време.
Countach прв ги воведе таканаречените „гилотина-врати“, LM002 беше супер-СУВ уште пред светот да го измисли поимот СУВ
Седумдесетите се ерата на Countach, со револуционерен дизајн и „гилотина-врати“. Следната декада му припаѓа на LM002, првиот теренец на Lambo и претходник на денешните СУВ-модели. Diablo GT ги претставува 1990-те години, како најбрз сериски автомобил во тоа време.
Новиот милениум го отвора Sesto Elemento, изработен целосно од карбон. Патувањето низ времето продолжѕува со хибридниот погон кај Asterion, со спомнатите системи ALA и LDVI. Секако не смеат да недостигаат Huracan Evo и Urus, првиот супер-СУВ во светот.
На симулаторот може виртуелно да се возат болидите на Lambo, а може да се договори и термин за посета на фабриката. Изложбата трае до 31-ви октомври.
https://photos.app.goo.gl/B4JCcd8Jcz5ccuAq7
https://photos.app.goo.gl/fDyYaw2Gnm4cxoJt8
https://photos.app.goo.gl/2G1EJMmms49Za5T47
https://photos.app.goo.gl/abB8Fmmdprtuhvzb8
















